Стандардизирање на приватните сместувачки капацитети и намалување на нелојалната конкуренција. Ова го бара Хотелската асоцијација на Македонија, според кој нелојалната конкуренција во голема мера има негативен ефект врз туристичката слика во регионот. За да не се издава се' и сешто, бараме сместувачките капацитети да бидат стандардизирани и да се знае што чини 10, што 20, а што 5 евра, а да не одиме на сместување од 100 или 150 денари за ноќевање, укажува претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески. Индивидуалните сместувачки капацитети забележа дека ги има во голем број, а издавањето на собите треба да се врши преку туристичка агенција или биро.
Стандардизирање на приватните сместувачки капацитети и намалување на нелојалната конкуренција. Ова го бара Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ), според кој нелојалната конкуренција во голема мера има негативен ефект врз туристичката слика во регионот.
„За да не се издава се' и сешто, бараме сместувачките капацитети да бидат стандардизирани и да се знае што чини 10, што 20, а што 5 евра, а да не одиме на сместување од 100 или 150 денари за ноќевање“, укажува претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.
Индивидуалните сместувачки капацитети забележа дека ги има во голем број, а издавањето на собите треба да се врши преку туристичка агенција или биро.
„Има и такви сместувачки капацитети кои не поседуваат никакви услови, а ги нудат за многу евтина цена и така се руши угледот и се шири лошата слика за Охрид и Македонија. На секој гостин кога ќе дојде треба да му ги дадеме условите што ќе ги посака, бидејќи ако еднаш си отиде незадоволен, тогаш тој ќе одврати уште 10 други, но ако отиде задоволен, ќе донесе уште 10 нови“, нагласи Блажески.
Бројот на хотелските и приватните сместувачки капацитети првиот човек на ХОТАМ смета дека треба да биде сразмерен во однос 3:1, а не да има повеќе приватни од хотелски легла.
„Ние не сме против да има приватно сместување, напротив, треба да постои и секаде постои, но да биде сразмерно со хотелските објекти, ако имаме 10.000 хотелски кревети, не треба да имаме повеќе од 30.000 во приватното сместување“, вели Блажески.