Хотелите во Охрид и Струга исполнети до 90 отсто

Bez autora
Aug 01 2016

Сместувачките капацитети на охридско-струшката ривиера се исполнети целосно и се бара место повеќе за овој претпразничен викенд, јави МИА. Најбројни се гостите од Холандија, но се поприсутни се и од Израел, Белгија, Турција, соседните земји, а се зголемува и бројот на домашни туристи, оцени претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески. Хотелските капацитети во последниве 10-ина дена почнаа да се исполнуваат над 90 проценти. За празничниот викенд речиси и да нема соби дури и во приватното сместување, речиси с` е исполнето. Тоа го очекувавме и работиме сите да имаме целосна исполнетост и добра сезона. Добро е што се враќаат странските гости и тоа е добар знак за следната година. Ако немаме некои немири и несакани работи на Балканот, би имале уште подобра туристичка сезона.

Хотелите во Охрид и Струга исполнети до 90 отстоСместувачките капацитети на охридско-струшката ривиера се исполнети целосно и се бара место повеќе за овој претпразничен викенд, јави МИА.

Најбројни се гостите од Холандија, но се поприсутни се и од Израел, Белгија, Турција, соседните земји, а се зголемува и бројот на домашни туристи, оцени претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески.

„Хотелските капацитети во последниве 10-ина дена почнаа да се исполнуваат над 90 проценти. За празничниот викенд речиси и да нема соби дури и во приватното сместување, речиси с` е исполнето. Тоа го очекувавме и работиме сите да имаме целосна исполнетост и добра сезона. Добро е што се враќаат странските гости и тоа е добар знак за следната година. Ако немаме некои немири и несакани работи на Балканот, би имале уште подобра туристичка сезона“, изјави Блажески.

Најмногу пораст имало кај домашните гости, но и кај оние од соседна Албанија, а мало зголемување има и кај гостите од Србија.

„Работиме на позначајно зголемување на гостите од соседните земји. Секој гостин кога ќе дојде треба да му ги дадеме условите што ќе ги посака, бидејќи ако еднаш си отиде незадоволен, тогаш тој ќе врати уште 10 други, но ако отиде задоволен ќе донесе уште 10 нови“, посочи Блажески.

Со намалувањето на бројот на ноќевања поради бегалската криза и правењето посебни аранжмани, првиот човек на ХОТАМ подвлече дека значително е зголемен бројот на домашни гости.

„Има зголемување на посетеноста кај домашните гости за хотелски услуги. Од бегалската криза се намали бројот на ноќевања, направивме некои пакети и понуди што придонесе позитивно да се зголеми бројот на домашните туристи. Се надеваме дека тоа ќе се пренесе за следната година“, истакна Блажески, прецизирајќи дека уште отсега се работи на продажба на аранжмани за следната година.

Тој им препорачува на домашните гости да ги посетат убавините на Македонија. „Квалитетот на услугите е на повисоко ниво и сите хотели и помали сместувачки капацитети се подготвени да ве дочекаат. Посетете некоја македонска дестинација, без разлика дали ќе биде едно од езерата кое ќе го одберете или ќе се одлучите за друга алтернатива“, нагласи Блажески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik