Hова инвестиција со 300 вработувања во Крушево

Bez autora
Jul 10 2016

Покрај трите инвестиции кои до крајот на годината ќе вработат 100 луѓе во општината Кривогаштани, а и исто толку сезонски работници, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при посетата на Крушево потврди дека се работи на уште една инвестиција на најголемата грчка компанија СЕКЕ која за Крушево ќе значи нови 300 вработувања. Според Груевски, компанијата веќе работи во објект кој го изнајмила и веќе врши откуп на тутун. Покрај крушевската, три нови инвестиции ќе се реализираат во наредниот период во општината Кривогаштани, кои беа објавени вчера. Само во првата година треба да отворат најмалку 100 редовни работни места и дополнително најмалку 100 сезонски.

Hова инвестиција со 300 вработувања во КрушевоПокрај трите инвестиции кои до крајот на годината ќе вработат 100 луѓе во општината Кривогаштани, а и исто толку сезонски работници, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при посетата на Крушево потврди дека се работи на уште една инвестиција на најголемата грчка компанија СЕКЕ која за Крушево ќе значи нови 300 вработувања.

Според Груевски, компанијата веќе работи во објект кој го изнајмила и веќе врши откуп на тутун.

Покрај крушевската, три нови инвестиции ќе се реализираат во наредниот период во општината Кривогаштани, кои беа објавени вчера. Само во првата година треба да отворат најмалку 100 редовни работни места и дополнително најмалку 100 сезонски.

Едната е за преработка на земјоделски производи и е вредна околу 1,5 милион евра, втората инвестиција е исто така за преработка, но за суви и смрзнати земјоделски производи и е инвестиција вредна околу еден милион евра од наш иселеник кој потекнува од овој крај.

Третата инвестиција е онаа на компанијата „Везешари“ која вкупно е вредна околу три милиони евра.

Сопственикот Рубинчо Благоевски кој ќе инвестира во преработувачки центар за замрзната храна планира производите да ги пласира на странските пазари.

Сопственикот на „Везешари“ Арбен Абдурахмани кој ќе инвестира во капацитет на преработка на месо и во прва фаза ќе вработи 70 луѓе е исклучитело задоволен од поддршката на македонската влада.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik