И државата ќе гарантира за земјоделски инвестиции

Bez autora
Dec 29 2014

Фонд од 25 милиони евра, наместо селските куќи, фармите и нивите, ќе гарантира за сите земјоделци кои ќе сакаат да земат заем од домашните банки и со него да ги финансираат инвестициите во својот бизнис. Гарантниот фонд ќе биде достапен за сите производители кои предходно аплицирале и добиле средства од ИПАРД-програмата. Нови фарми, производствени капацитети, како и трактори, комбајни или инвестиции во друга земјоделска механизација на овој начин ќе станат попристапни за македонските производители. Според најавите од Министерството за земјоделство, кое е иницијатор на формирањето на фондот, земјоделците имаат потреба од финансиски средства пред да почнат да инвестираат бидејќи средствата кои ги доделува претпристапната програма ИПАРД ги добиваат само половина и откако ќе ја завршат инвестицијата. Заради тоа, сметаат во Министерството, Гарантниот фонд за 100-процентна финансиска поддршка на земјоделците ќе обезбеди искористување што повеќе средства од ИПАРД-фондовите.

И државата ќе гарантира за земјоделски инвестицииФонд од 25 милиони евра, наместо селските куќи, фармите и нивите, ќе гарантира за сите земјоделци кои ќе сакаат да земат заем од домашните банки и со него да ги финансираат инвестициите во својот бизнис.

Гарантниот фонд ќе биде достапен за сите производители кои предходно аплицирале и добиле средства од ИПАРД-програмата. Нови фарми, производствени капацитети, како и трактори, комбајни или инвестиции во друга земјоделска механизација на овој начин ќе станат попристапни за македонските производители.

Според најавите од Министерството за земјоделство, кое е иницијатор на формирањето на фондот, земјоделците имаат потреба од финансиски средства пред да почнат да инвестираат бидејќи средствата кои ги доделува претпристапната програма ИПАРД ги добиваат само половина и откако ќе ја завршат инвестицијата. Заради тоа, сметаат во Министерството, Гарантниот фонд за 100-процентна финансиска поддршка на земјоделците ќе обезбеди искористување што повеќе средства од ИПАРД-фондовите.

Според министерот Михаил Цветков, фондот ќе биде проектиран на околу 25 милиони евра со можност за финансирање проекти до максимум 100.000 евра и се очекува да профункционира од февруари или март идната година.

„Нашите земјоделци не се толку богати за да го претфинансираат проектот и да чекаат 50 отсто од парите назад по неговото реализирање. Затоа, предлагаме формирање Гарантен фонд преку кој 100 отсто ќе им ги обезбедиме средствата, односно целосно ќе им ја гарантираме инвестицијата. Нивна обврска ќе биде да ја реализираат и да бидат редовни во подмирувањето на долгот. На почеток ќе одиме со помали износи, до 100.000 евра“, нагласува Цветков.

Домашните производители велат дека долго ја очекувале оваа одлука бидејќи токму обезбедувањето, односно хипотеките, при земањето кредити од банките досега им било најголем проблем. Тие се задоволни со висината на средствата што се предвидени во фондот.

Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделците на Македонија, вели дека селските куќи, ниту, пак, нивите, не се доволно интересни како обезбедување за банките кога земјоделецот ќе побара кредит.

„На овој начин ќе се зголеми интересот за инвестирање, земјоделците повеќе ќе аплицираат за ИПАРД-кредитите, а, од друга страна, ќе бидат поштедени од високите камати кои повеќето од деловните банки им ги наметнуваат бидејќи немаат вредни недвижнини да стават под хипотека“, смета Шаклев.

И во Федерацијата на фармерите (ФФРМ) сметаат дека со воведувањето на Гарантниот фонд нашите фармери ќе можат да искористат поголем дел од средствата од ИПАРД за модернизација и за осовременување на своите земјоделски стопанства.

„Фондот претставува гаранција дека во различни кризни ситуации зад производителите стои некој и гарантира дека нивните финансиски средства ќе бидат исплатени. Токму тоа е и нашата заложба како ФФРМ, да ги информираме нашите фармери дека имаат гаранција и дека можат слободно да го прошируваат и да го осовременуваат своето земјоделско стопанство“, вели Никола Стаменов, претседател на ФФРМ.

Министерството за земјоделство во моментов е во преговори со банките заинтересирани за кредитирање вакви проекти. Првенствено ќе се настојува на заеми со ниска каматна стапка, од пет до шест отсто. Целта е да се искористат средствата од ИПАРД 2, кои изнесуваат 106 милиони евра.

Министерот Цветков неодамна најави дека ќе се залага за почесто објавување ИПАРД-огласи, најмалку шест пати годишно, а не еднаш до два пати како досега. Тој посочи дека Министерството ќе застане зад производителите и во однос на обезбедувањето на потребните документи.

Неговата оцена е дека една од клучните причини за слабата искористеност на ИПАРД-средствата досега била сложената и обемна процедура.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik