„Илирика инвестментс“ со нови услуги во работењето

Bez autora
Mar 17 2016

Комисијата за хартии од вредност даде согласност брокерската куќа „Илирика инвестментс“ да врши прием на пренос на налози за купување и продавање хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност. Тоа, како што соопшти КХВ, значи дека со оваа нова услуга, „Илирика инвестментс“ ќе може да се приклучи на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза. „Илирика инвестментс“ според Законот за хартии од вредност, во секое време мора да поседува и да одржува основна главнина во износ од 75.000 евра во денарска противвредност. Инаку, брокерската куќа „Илирика инвестментс“ е втора од десетте членки на Македонската берза која ги исполни условите за да се приклучи на платформата што се очекува да профункционира на 29 март. Претходно, ваква дозвола од КХВ доби Дирекцијата за услуги со хартии од вредност при Еуростандард банка АД - Скопје.

„Илирика инвестментс“ со нови услуги во работењетоКомисијата за хартии од вредност даде согласност брокерската куќа „Илирика инвестментс“ да врши прием на пренос на налози за купување и продавање хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност.

Тоа, како што соопшти КХВ, значи дека со оваа нова услуга, „Илирика инвестментс“ ќе може да се приклучи на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза.

„Илирика инвестментс“ според Законот за хартии од вредност, во секое време мора да поседува и да одржува основна главнина во износ од 75.000 евра во денарска противвредност.

Инаку, брокерската куќа „Илирика инвестментс“ е втора од десетте членки на Македонската берза која ги исполни условите за да се приклучи на платформата што се очекува да профункционира на 29 март.

Претходно, ваква дозвола од КХВ доби Дирекцијата за услуги со хартии од вредност при Еуростандард банка АД - Скопје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik