Индустријата во мај падна за 5 отсто

Bez autora
Jun 27 2015

Индустриското производство во мај во споредба со истиот месец лани бележи намалување од 5 отсто. Гледано по сектори, најголем пад има во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и тоа 13,1 отсто. Потоа, следуваат рударството и вадење на камен со намалување од 5,8 отсто и преработувачка индустрија со пад од 4,3 отсто. Производството во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи пораст кај капитални производи за 6,5 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 19,9 отсто, додека опаѓање има кај енергијата за 16 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4 отсто. Индексот на индустриското производство во периодот јануари - мај 2015 година, во однос на истиот период лани бележи намалување од 0,4 отсто.

Индустријата во мај падна за 5 отстоИндустриското производство во мај во споредба со истиот месец лани бележи намалување од 5 отсто. Гледано по сектори, најголем пад има во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и тоа 13,1 отсто. Потоа, следуваат рударството и вадење на камен со намалување од 5,8 отсто и преработувачка индустрија со пад од 4,3 отсто.

Производството во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи пораст кај капитални производи за 6,5 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 19,9 отсто, додека опаѓање има кај енергијата за 16 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4 отсто. Индексот на индустриското производство во периодот јануари - мај 2015 година, во однос на истиот период лани бележи намалување од 0,4 отсто. Индустриското производство во април со забележа раст од 2,2 отсто, во март, пак, растот изнесуваше само 0,6 отсто, во споредба со март 2014 година. Во февруари растот беше 3,1 отсто, а во јануари производството порасна за 1,1 процент. Овие резултати за првото тримесечје покажаа позитива од 1,5 отсто. Но падот во мај од 5 отсто го наруши позитивниот тренд, па така сега индустриското производство за првите пет месеци кумулативно има намалување од 0,4 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik