Кризата и големата политичка предизборна неизвесност го зедоа својот „данок“ и кај македонската индустрија. Индустриското производство во октомври падна за 3,6 отсто во однос на истиот месец минатата година, соопшти вчера државниот Завод за статистика. Овој минус во производствениот сектор следува по неколкумесечен раст, и всушност е втор во текот на оваа година. Всушност, на домашната индустрија најдобро и' одеше во првиот квартал од годинава, односно во јануари, февруари и март, кога беа реализирани месечни плусови од 8 отсто, 15,2 проценти и 8,9 отсто соодветно, по што следуваа послаби резултати, односно 3,6 отсто пораст во април и 5,3 проценти во мај. Јуни го донесе првото намалување, со пад на индустријата од 4,4 отсто, а потоа пак следуваа три месеци на закрепнување, односно јули, август и септември, со зголемувања од по 5,1 отсто, 5,2 и 4,6 отсто соодветно.
Кризата и големата политичка предизборна неизвесност го зедоа својот „данок“ и кај македонската индустрија. Индустриското производство во октомври падна за 3,6 отсто во однос на истиот месец минатата година, соопшти вчера државниот Завод за статистика. Овој минус во производствениот сектор следува по неколкумесечен раст, и всушност е втор во текот на оваа година.
Всушност, на домашната индустрија најдобро и' одеше во првиот квартал од годинава, односно во јануари, февруари и март, кога беа реализирани месечни плусови од 8 отсто, 15,2 проценти и 8,9 отсто соодветно, по што следуваа послаби резултати, односно 3,6 отсто пораст во април и 5,3 проценти во мај. Јуни го донесе првото намалување, со пад на индустријата од 4,4 отсто, а потоа пак следуваа три месеци на закрепнување, односно јули, август и септември, со зголемувања од по 5,1 отсто, 5,2 и 4,6 отсто соодветно. Заедно со октомврискиот пад всушност произлегува дека во првите десет месеци од годинава индустриското производство има просечен раст од 4,4 проценти во однос на истиот период лани. Тоа би значело дека доколку нема некои големи отстапувања за последниве два месеци од годинава, индустријата би се движела во слични рамки.
Гледано по клучни сектори, кај рударството и вадењето камен има пад од 0,8 отсто, додека минусот е поголем кај преработувачката индустрија, и изнесува 4,5 проценти. Раст има единствено кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, и тоа за 10,5 отсто.
Гледано по поединечни гранки, пак, намалувања во октомври се регистрирани во повеќе од нив. Загрижува на пример, падот кој е забележан кај производството на метали, и тоа 18,7 отсто, а значаен минус од 11 проценти има и кај производството на прехранбени производи.
Огромни намалувања на индустриското производство статистичарите забележале и кај производството на тутунски производи, и тоа за 41,7 отсто, како и кај облеката, за 36,5 проценти. Намалување има и кај производството на хемикалии, за 22,7 проценти, како и кај продукцијата на кожа, за 19,6 проценти. И во делот на рударството, вадењето јаглен и лигнит е намалено за 13 проценти, а вадењето руди на метал е снижено за 0,6 отсто.
А, раст е забележан кај фармацијата, за 29,3 проценти, потоа кај другите неметални минерали за 26 проценти, а зголемување е регистрирано и кај производството на пијалаци, за 24,3 отсто. Пораст има и кај производството на дрво, за 16,2 отсто, кај медиумите за 15,8 отсто, а зголемување има и кај текстилот, за 10,4 проценти.
Она што во октомври го регистрира Државниот завод за статистика, од поодамна го зборува бизнис-секторот во земјава, особено сопствениците на домашните компании, кои говорат дека поради политичката криза и нестабилност, се одложуваат многу зделки и проекти. Тоа сега дополнително е „зачинето“ и со предизборната неизвесност, односно бизнисмените, чекајќи го исходот од изборите, работат со далеку помало искористување на капацитетите.