Одржливиот економски развој на земјата се реализира на три столба: владеење на правото, политичка стабилност и сигурност на државата, како и на мерките на Владата за поддршка на развојот на компаниите, рече заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на трибината „Силна економија – Шанса за сите“ со граѓаните во Кавадарци. Тој рече дека потпишувањето на протоколот за членство во НАТО придонесува за повисоко ниво на безбедност, односно сигурност на инвестициите, со што во 2018 нивото на странски инвестиции достигна рекордни 624,5 милиони евра, што е 267 отсто повеќе во однос на просекот на странски инвестиции во периодот од 2010 до 2017 година.
Одржливиот економски развој на земјата се реализира на три столба: владеење на правото, политичка стабилност и сигурност на државата, како и на мерките на Владата за поддршка на развојот на компаниите, рече заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на трибината „Силна економија – Шанса за сите“ со граѓаните во Кавадарци.
Тој рече дека потпишувањето на протоколот за членство во НАТО придонесува за повисоко ниво на безбедност, односно сигурност на инвестициите, со што во 2018 нивото на странски инвестиции достигна рекордни 624,5 милиони евра, што е 267 отсто повеќе во однос на просекот на странски инвестиции во периодот од 2010 до 2017 година.
„Индустрискиот раст во јануари од 2019 година од над 12 отсто дава оптимизам дека економијата ќе расте со побрза динамика годинава. Растот на нето-платите е забележителен и изнесува над 6 отсто, а реално е дека платите ќе растат поради притисокот на пазарот на трудот. Со отворањето нови фабрики, ќе се отвораат нови подобро платени работни места, а одливот на младите, кој се случуваше со години, дополнително прави притисок на зголемување на платите за да ги задржиме во нашата земја“, рече Анѓушев на трибината.
Вицепремиерот истакна дека Владата силно го поттикнува претприемаштвото кај младите луѓе преку мерките за самовработување од Агенцијата за вработување, со обезбедување грантови во висина од 5 илјади евра за поединец или 10 илјади евра ако станува збор за две невработени лица што би ги здружиле средствата.
Поддршката на микро, малите и средните компании е највисока во историјата и токму преку технолошкиот развој на ваквите компании се очекува да се овозможи силна индустријализација и одржлив економски развој.