Индустриското производство бележи раст од 12,1 отсто

Bez autora
Jul 31 2018

Индустриското производство во јуни бележи раст од 12,1 oтсто во споредба со истиот период минатата година, соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој рече дека се работи за максимален индустриски раст кој бил забележан претходните години. Вкупниот индустриски раст, како што дополни Анѓушев, во првото полугодие годинава, споредбено со ланскиот период бележи пораст од пет проценти. Економијата се мери со бројки, не со политизирање, рече вицепремиерот пред да ги соопшти бројките. Според него растот се должи на успешните економски политики на Владата. Раст е забележан во сите гранки, чинители на индустријата.

Индустриското производство бележи раст од 12,1 отстоИндустриското производство во јуни бележи раст од 12,1 oтсто во споредба со истиот период минатата година, соопшти денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Тој рече дека се работи за максимален индустриски раст кој бил забележан претходните години.

Вкупниот индустриски раст, како што дополни Анѓушев, во првото полугодие годинава, споредбено со ланскиот период бележи пораст од пет проценти.

„Економијата се мери со бројки, не со политизирање“, рече вицепремиерот пред да ги соопшти бројките.

Според него растот се должи на успешните економски политики на Владата. Раст е забележан во сите гранки, чинители на индустријата.

„Бројките ја покажуваат крвната слика на Македонија. Потребно е малку трпение од граѓаните за сите да го почувствуваат овој раст кој ќе се одрази и на раст на личните приходи“, рече вицепремиерот Анѓушев.

Порастот на бројките, Анѓушев вели дека ќе се отслика и во растот на животниот стандард на граѓаните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik