Индустриското производство со раст од 5,8 отсто во ноември

Bez autora
Dec 29 2014

Индексот на индустриско производство во Република Македонија во ноември бележи пораст од 5,8 отсто на годишно ниво, обајви во петокот Државниот завод за статистика. Ова е 15-ти месец последователно во кој индустриското поризводство во Македонија е во позитивна зона. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември, во однос на истиот месец лани, бележи пораст од 3,0 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 27,7 отсто.

Индустриското производство со раст од 5,8 отсто во ноемвриИндексот на индустриско производство во Република Македонија во ноември бележи пораст од 5,8 отсто на годишно ниво, обајви во петокот Државниот завод за статистика.

Ова е 15-ти месец последователно во кој индустриското поризводство во Македонија е во позитивна зона.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември, во однос на  истиот месец лани, бележи пораст од 3,0 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 27,7 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во ноември бележи пораст кај Енергија за 17,4 отсто , Интермедијарни производи, освен енергија за 7,9 отсто, Капитални производи за 78,1 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,9 отсто.

Кумулативно од почетокот на годината индексот на индустриското производство бележи раст од 5,2 отсто во во однос на периодот јануари - ноември 2013 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik