Индустриското во септември поголемо за 8,6 отсто

Bez autora
Nov 01 2015

Индустриското производство во септември годинава е поголемо за 8,6 отсто во однос на истиот месец лани, а во деветте месеци од годинава пораснало за 2,5 отсто во споредба со истиот период од 2014 година. Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во септември оваа година, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 3,7 отсто во секторот рударство и вадење на камен, во преработувачката индустрија има пораст од 11,2, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,8 отсто. Кај интермедијарни производи, освен енергија, забележан е раст за 8,5 отсто, кај капитални производи за 24,4, а кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,4 отсто. Додека опаѓање има кај енергија за 6,9 проценти и кај трајни производи за широка потрошувачка, за 5,8 проценти.

Индустриското производство во септември годинава е поголемо за 8,6 отсто во однос на истиот месец лани, а во деветте месеци од годинава пораснало за 2,5 отсто во споредба со истиот период од 2014 година.

Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во септември оваа година, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 3,7 отсто во секторот рударство и вадење на камен, во преработувачката индустрија има пораст од 11,2, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,8 отсто.

Кај интермедијарни производи, освен енергија, забележан е раст за 8,5 отсто, кај капитални производи за 24,4, а кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,4 отсто. Додека опаѓање има кај енергија за 6,9 проценти и кај трајни производи за широка потрошувачка, за 5,8 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik