Трошоците на живот во мај годинава, споредено со мај минатата година, се зголемиле за 1,2 проценти, а цените на мало за 2,7 проценти. Во мај, исто така, пораст на трошоците на живот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 8,7 проценти, болничките услуги за 1,2 проценти, патниот сообраќај за 0,9 отсто, услугите за одржување и поправки на станот за 0,3 проценти и друго. Пораст на трошоците на живот во мај, во споредба со април, има кај свежото и разладеното овошје за 13,2 процента, свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 12,6 проценти, сувото овошје и јаткастите производи за 2,5 проценти и друго. Намалувањето на трошоците на живот во мај, во однос на април, е евидентирано кај јогуртот за 1,2 проценти, јајцата за 1,1 процент, млекото за 0,8 проценти, џигерите, другите преработки од месо, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7 проценти.
Трошоците на живот во мај годинава, споредено со мај минатата година, се зголемиле за 1,2 проценти, а цените на мало за 2,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во мај, исто така, пораст на трошоците на живот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 8,7 проценти, болничките услуги за 1,2 проценти, патниот сообраќај за 0,9 отсто, услугите за одржување и поправки на станот за 0,3 проценти и друго.
Пораст на трошоците на живот во мај, во споредба со април, има кај свежото и разладеното овошје за 13,2 процента, свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 12,6 проценти, сувото овошје и јаткастите производи за 2,5 проценти и друго.
Намалувањето на трошоците на живот во мај, во однос на април, е евидентирано кај јогуртот за 1,2 проценти, јајцата за 1,1 процент, млекото за 0,8 проценти, џигерите, другите преработки од месо, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,7 проценти, маслото и маснотиите за 0,3 проценти, сирењата и урдата за 0,2 процента.
Исто така во мај се намалени трошоците на животот и кај гасот за домаќинствата за 4,9 проценти, градините, растенијата и цвеќињата за два процента, течните горива за домаќинствата за 1,8 проценти, средствата за чистење и одржување на станот, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 1,1 процент, малите електрични апарати за 0,5 проценти, пакет-туристичките аранжмани, услугите за сместување и предметите за лична хигиена и здравје за 0,2 проценти.