Во април годинава, во споредба со истиот месец лани, индексот на трошоците на живот, односно инфлацијата, забележал пораст од 1 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика, ДЗС, а цените на мало се зголемиле за 2,2 отсто. Според ДЗС, индексот на трошоците на животот во април 2017 година, во однос на претходниот месец, се повисоки за 0,5 отсто, а индексот на цените на мало е зголемен за само 0,1 отсто. Пораст на трошоците на животот во април годинава, во споредба со претходниот месец, имало кај свежиот и разладен зеленчук за 15,8 отсто, кај свежото и разладеното овошје за 11,7 отсто, кај јајцата за 1,2 отсто, јогуртот за 0,7 отсто и друго. Намалување на трошоците, во споредба со март, било забележано кај другите прехранбени производи за 1,3 отсто, кај месото за 1,2 отсто, замрзнатото овошје за 0,8 отсто, а намалување имало и кај информатичката опрема за 7,2 отсто.
Во април годинава, во споредба со истиот месец лани, индексот на трошоците на живот, односно инфлацијата, забележал пораст од 1 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика, ДЗС, а цените на мало се зголемиле за 2,2 отсто.
Според ДЗС, индексот на трошоците на животот во април 2017 година, во однос на претходниот месец, се повисоки за 0,5 отсто, а индексот на цените на мало е зголемен за само 0,1 отсто.
Пораст на трошоците на животот во април годинава, во споредба со претходниот месец, имало кај свежиот и разладен зеленчук за 15,8 отсто, кај свежото и разладеното овошје за 11,7 отсто, кај јајцата за 1,2 отсто, јогуртот за 0,7 отсто и друго. Намалување на трошоците, во споредба со март, било забележано кај другите прехранбени производи за 1,3 отсто, кај месото за 1,2 отсто, замрзнатото овошје за 0,8 отсто, а намалување имало и кај информатичката опрема за 7,2 отсто.