Инфлацијата за една година поголема за 0,2 отсто

Bez autora
May 10 2016

Во периодот јануари-април годинава трошоците на живот се зголемиле за 0,2 отсто во споредба со истиот период лани. Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, во првите 4 месеци од годинава најмногу поскапеле шеќерот и кондиторските производи за 4,3 отсто, потоа мебелот и покуќнината за 3,9 отсто, алкохолните пијалаци и тутунот за 3,8 отсто, услугите на рестораните и хотелите за 1,5 отсто и облеката и обувките за 1,4 отсто во споредба со периодот јануари-април минатата година. Инаку, во споредба со претходниот месец март, во април годинава трошоците на живот се зголемени за 0,1 отсто, а цените на мало за 0,5 отсто. Споредено со април лани, инфлацијата е пониска за 0,7 проценти, а цените на мало за 0,6 проценти. Порастот од 0,1 процент е резултат на повисокиот индекс кај свежото и разладеното овошје за 4,8 проценти, потоа на сушениот зеленчук и на друг конзервиран и преработен зеленчук за 1,4 проценти, на алкохолните пијалаци за 0,4 проценти, изнутриците, свежата и разладена риба за 0,3 проценти, на патниот сообраќај за 4,9 проценти и друго.

Инфлацијата за една година поголема за 0,2 отстоВо периодот јануари-април годинава трошоците на живот се зголемиле за 0,2 отсто во споредба со истиот период лани.

Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, во првите 4 месеци од годинава најмногу поскапеле шеќерот и кондиторските производи за 4,3 отсто, потоа мебелот и покуќнината за 3,9 отсто, алкохолните пијалаци и тутунот за 3,8 отсто, услугите на рестораните и хотелите за 1,5 отсто и облеката и обувките за 1,4 отсто во споредба со периодот јануари-април минатата година.

Инаку, во споредба со претходниот месец март, во април годинава трошоците на живот се зголемени за 0,1 отсто, а цените на мало за 0,5 отсто. Споредено со април лани, инфлацијата е пониска за 0,7 проценти, а цените на мало за 0,6 проценти.

Порастот од 0,1 процент е резултат на повисокиот индекс кај свежото и разладеното овошје за 4,8 проценти, потоа на сушениот зеленчук и на друг конзервиран и преработен зеленчук за 1,4 проценти, на алкохолните пијалаци за 0,4 проценти, изнутриците, свежата и разладена риба за 0,3 проценти, на патниот сообраќај за 4,9 проценти и друго.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik