Инспекторите открија 19 непријавени работници во угостителски објекти

Bez autora
Aug 27 2017

Државниот инспекторат за труд во текот на летото во испекциски акции спроведени во угостителски објекти во повеќе градови во земјава затекнал 19 непријавени работници. Како што соопштуваат од Инспекторатот, донесени се решенија со кои работодавачите се задолжени со работниците да склучат договори за вработување на неопределено време и во наредните три месеци да не го намалат вкупниот број на вработени. Инспекторатот, како што информират, против овие работодавачи поднесени се и барања за поведување прекршочна постапка. При надзорите констатирани се и неправилности во врска со евиденцијата за работното време, прекувремената работа, неиздавање пресметки за месечна плата, како и непресметување на додаток за минат труд поради што се донесени решенија за отстранување на овие неправилности. Државниот инспекторат за труд најавува дека и во следниот период ќе продолжи со засилени инспекциски надзор во насока на заштита на правата на работниците.

Инспекторите открија 19 непријавени работници во угостителски објектиДржавниот инспекторат за труд во текот на летото во испекциски акции спроведени во угостителски објекти во повеќе градови во земјава затекнал 19 непријавени работници.

Како што соопштуваат од Инспекторатот, донесени се решенија со кои работодавачите се задолжени со работниците да склучат договори за вработување на неопределено време и во наредните три месеци да не го намалат вкупниот број на вработени. Инспекторатот, како што информират, против овие работодавачи поднесени се и барања за поведување прекршочна постапка.

При надзорите констатирани се и неправилности во врска со евиденцијата за работното време, прекувремената работа, неиздавање пресметки за месечна плата, како и непресметување на додаток за минат труд  поради што се донесени решенија за отстранување на овие неправилности. Државниот инспекторат за труд најавува дека и во следниот период ќе продолжи со засилени инспекциски надзор во насока на заштита на правата на работниците.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik