Инвестиции ќе се бараат и во Израел

Bez autora
Feb 22 2012

Меѓу Македонија и Израел постои голем интерес за економска соработка, а со потпишувањето на договорот за слободна трговија се очекува надминување на царинските бариери и на дефицитот во надворешнотрговската размена од македонска страна. Интерес за соработка има во областа на земјоделството, туризмот, обновливите извори на енергија, медицината и информатичката технологија. Министерот за економија Ваљон Сарачини пред Годишното собрание на Македонско-израелскиот бизнис клуб изјави дека од македонска страна е покрената иницијатива за потпишување на договорот за слободна трговија со кој се очекува продлабочување на економската соработка меѓу двете држави. За нас е многу важно да се елиминираат сите царински бариери за да може нашите производи да бидат полесно достапни на израелскиот пазар. Меѓу двете земји постои голем интерес за економска соработка. Заинтересирани сме за привлекување инвестиции од Израел, особено во делот на енергетската и патната инфраструктура, како и во делот на туризмот.

Инвестиции ќе се бараат и во ИзраелМеѓу Македонија и Израел постои голем интерес за економска соработка, а со потпишувањето на договорот за слободна трговија се очекува надминување на царинските бариери и на дефицитот во надворешнотрговската размена од македонска страна.

Интерес за соработка има во областа на земјоделството, туризмот, обновливите извори на енергија, медицината и информатичката технологија.

Министерот за економија Ваљон Сарачини пред Годишното собрание на Македонско-израелскиот бизнис клуб изјави дека од македонска страна е покрената иницијатива за потпишување на договорот за слободна трговија со кој се очекува продлабочување на економската соработка меѓу двете држави.

„За нас е многу важно да се елиминираат сите царински бариери за да може нашите производи да бидат полесно достапни на израелскиот пазар. Меѓу двете земји постои голем интерес за економска соработка. Заинтересирани сме за привлекување инвестиции од Израел, особено во делот на енергетската и патната инфраструктура, како и во делот на туризмот“, истакна Сарачини.

Тој додаде дека владините мерки и активности се насочени кон тоа да ја направат Македонија атрактивна туристичка дестинација и да се привлечат што повеќе туристи од Израел. Извозот на Македонија во Израел е околу еден милион долари, додека увозот на израелски производи во Македонија изнесува 19 милиони долари, односно има дефицит на македонска страна од околу 18 милиони долари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik