Инвестиција од 46 млн евра во две гасоводни мрежи

Bez autora
Feb 28 2016

Најдоцна до јуни годинава ќе започне изградбата на две гасоводни мрежи во должина од 110 километри од Штип до Неготино и од Скопје до Тетово, во кои ќе бидат инвестирани вкупно 46 милиони евра, најави во саботата челникот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Како што појасни Груевски при посетата на Кратово, тендерот за гасоводната мрежа од Штип до Неготино е веќе завршен и во тек е процесот на евалуација на понудите, а тендерот од Скопје до Тетово е во тек и треба да заврши на 10-ти март. На тендерот за изградба на гасоводната мрежа од Штип до Неготино понуди доставиле седум компании, од кои четири компании имаат потполна документација.

Инвестиција од 46 млн евра во две госоводни мрежиНајдоцна до јуни годинава ќе започне изградбата на две гасоводни мрежи во должина од 110 километри од Штип до Неготино и од Скопје до Тетово, во кои ќе бидат инвестирани вкупно 46 милиони евра, најави во саботата челникот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Како што појасни Груевски при посетата на Кратово, тендерот за гасоводната мрежа од Штип до Неготино е веќе завршен и во тек е процесот на евалуација на понудите, а тендерот од Скопје до Тетово е во тек и треба да заврши на 10-ти март.

На тендерот за изградба на гасоводната мрежа од Штип до Неготино понуди доставиле седум компании, од кои четири компании имаат потполна документација, додаде лидеот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мислам дека работите добро ќе се одвиваат затоа што се поставени на вистински основи. Ова е таканаречена втора фаза. Следува натамошната фаза, со којашто ќе се продолжи од Тетово до Гостивар и Кичево и од Неготино до Прилеп, Битола, Охрид. Се планира кон сите поголеми градови да се продолжи изградбата на гасоводната мрежа“, рече Груевски.

Додаде и дека при крај е и изградбата на гасоводната мрежа од Клечовце до Штип која се очекува да заврши најдоцна до јуни.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik