На својата интернет-страница компанијата објави дека одлуката за проширување на деловните активности во Македонија е официјализирана. Како што соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, „Баракуда ФХ“ е лоцирана во Даблин, соработува и испорачува софтверски услуги за најреномирани светски банки и финансиски институции, а е носител на престижни интернационални награди и признанија. Во конкуренција на повеќе првично селектирани земји и како резултат на упорната работа на владиниот економски тим за реализација на овој проект, предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик-директорот на „Инвест Македонија“, Климент Шеќеровски, Македонија е избрана како најповолна дестинација за идните развојни планови на „Баракуда ФХ“, информира Агенцијата.
На својата интернет-страница компанијата објави дека одлуката за проширување на деловните активности во Македонија е официјализирана.
Како што соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, „Баракуда ФХ“ е лоцирана во Даблин, соработува и испорачува софтверски услуги за најреномирани светски банки и финансиски институции, а е носител на престижни интернационални награди и признанија.
„Во конкуренција на повеќе првично селектирани земји и како резултат на упорната работа на владиниот економски тим за реализација на овој проект, предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик-директорот на „Инвест Македонија“, Климент Шеќеровски, Македонија е избрана како најповолна дестинација за идните развојни планови на „Баракуда ФХ“, информира Агенцијата.
Активностите за отворање центар за истражување и развој во Македонија, ирската компанија најавува дека ќе ги почне наскоро. Тоа ќе значи можност за вработување, обука и доусовршување на домашен кадар од информатичките науки.
Според вицепремиерот Пешевски: „ Задоволството од успехот да се привлече ваква респектабилна компанија е огромно и е последица на макотрпна работа, низа владини реформски проекти и континуиран ангажман за креирање севкупен поволен деловен амбиент во Македонија, како и негување долгорочно партнерство со бизнис заедницата“.
Шекеровски смета дека влезот на „Баракуда ФХ“ ќе биде поттик и за други ирски компании да дојдат во Македонија.