Македонија има голем ИТ потенцијал и е добра дестинација за странските директни инвестиции во оваа област. Ова го истакна министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, пред јавната расправа за предлог - краткорочната ИКТ стратегија 2016 - 2017 во Стопанската комора, и рече дека во 2013 година ИКТ секторот придонел со 450 милиони евра и со над 138 отсто вработувања од 2010 до 2013 година. Од вкупниот извоз во 2013-та, 120 милиони евра или најголем дел е во развој на софтвер и услуги. Дури 95 проценти од колачот за извозно-ориентираните информатички технологии, се однесуваа на услуги. Тоа уште еднаш докажува дека Македонија е добра дестинација за компаниите кои доаѓаат, нагласи министерот. Според него во ИКТ има околу 16.000 вработени, што е 2,4 отсто од вкупниот број вработени во земјава, кои придонесуваат со 4,1 процент во додадената вредност.
Македонија има голем ИТ потенцијал и е добра дестинација за странските директни инвестиции во оваа област. Ова го истакна министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, пред јавната расправа за предлог - краткорочната ИКТ стратегија 2016 - 2017 во Стопанската комора, и рече дека во 2013 година ИКТ секторот придонел со 450 милиони евра и со над 138 отсто вработувања од 2010 до 2013 година. Од вкупниот извоз во 2013-та, 120 милиони евра или најголем дел е во развој на софтвер и услуги.
„Дури 95 проценти од колачот за извозно-ориентираните информатички технологии, се однесуваа на услуги. Тоа уште еднаш докажува дека Македонија е добра дестинација за компаниите кои доаѓаат“, нагласи министерот. Според него во ИКТ има околу 16.000 вработени, што е 2,4 отсто од вкупниот број вработени во земјава, кои придонесуваат со 4,1 процент во додадената вредност.
Промените во ИКТ индустријата, според претседателот на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори (ССК) Саша Огненовски, се случуваат со 10 пати поголем интензитет од вообичаениот за другите. „Веќе имавме една ИКТ стратегија која времето ја прегази и се појави потреба од изготвување нов документ“, подвлече Огненовски.
Во краткорочната стратегија што беше презентирана, а е изготвена на иницијатива на ИКТ комората при ССК со поддршка на Швајцарската амбасада, има предлог-мерки од приватниот сектор за побрз, подинамичен начин да се трансформира знаењето на дипломците. Поддршката во оваа насока продолжува преку јавно-приватен дијалог, развој на вештини и нови вработувања.