Иванов: „Алкалоид AД“ Скопје е пример за успешна македонска компанија

Bez autora
Oct 12 2016

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска беше во посета на компанијата за производство на лекови, преработка на билни суровини, производство на козметички и хемиски производи „Алкалоид АД“ Скопје. Македонскиот претседател, за време на посетата која што се реализира по повод 80-годишнината од основањето на „Алкалоид AД“ Скопје, беше запознаен со производствените капацитети на компанијата, како и со идните бизнис планови, стратегии и иницијативи. Претседателот Иванов, упатувајќи честитки за големиот јубилеј, истакна дека „Алкалоид AД“ Скопје претставува пример за успешна македонска компанија која задоволувајќи ги највисоките европски стандарди, со нивната посветеност и професионалност секојдневно се зацврстува како лидер во фармацевтската, хемиската и козметичката индустрија во Македонија.

Иванов: „Алкалоид AД“ Скопје е пример за успешна македонска компанијаПретседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска беше во посета на компанијата за производство на лекови, преработка на билни суровини, производство на козметички и хемиски производи „Алкалоид АД“ Скопје.

Македонскиот претседател, за време на посетата која што се реализира по повод 80-годишнината од основањето на „Алкалоид AД“ Скопје, беше запознаен со производствените капацитети на компанијата, како и со идните бизнис планови, стратегии и иницијативи.
 
Претседателот Иванов, упатувајќи честитки за големиот јубилеј, истакна дека „Алкалоид AД“ Скопје претставува пример за успешна македонска компанија која задоволувајќи ги највисоките европски стандарди, со нивната посветеност и професионалност секојдневно се зацврстува како лидер во фармацевтската, хемиската и козметичката индустрија во Македонија.
 
Во разговорот со директорот на „Алкалоид АД“ Скопје, Живко Мукаетов, претседателот Иванов порача дека компанијата треба да ги искористи сите потенцијали за натамошен развој, напредок и уште подобри резултати на македонскиот и на светскиот пазар. За таа цел, државата и во иднина ќе настојува да ги подобрува севкупните услови за поттикнување на развојот на македонските компании, рече претседателот Иванов.

Мукаетов истакна дека оваа посета претставува огромна чест и значајно признание од страна на Претседателот Иванов, за 8-те децении неуморно истражување, развој, иновации и континуирани вложувања во алкалоидовата визија за поздрав живот.

На средбата, Мукаетов ги претстави тековните бизнис планови и развојни цели на Компанијата во делот освојување нови пазари во светот, ставајќи акцент на генерациите Алкалоидовци, благодарение на чии несебични заложби „Алкалоид“ денес е една од најмодерните фармацевтски индустрии во Југоисточна Европа со над 1.600 вработени, 50.000 квадрати производни погони и пласмани во над 30 земји во светот.

Македонскиот претседател ја поздрави поддршката од страна на „Алкалоид АД“ Скопје на најразлични иницијативи и проекти во интерес на општеството, заедницата и особено поддршката кон младите во Македонија.
 
Претседателот Иванов го посети и се запозна со работата со новиот Центар за контрола на квалитет на „Алкалоид AД“ Скопје што беше пуштен во употреба оваа година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik