За да им излезе во пресрет на сите тутунари, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до петок го продолжи рокот за издавање бели картони со кои производителите од прилепскиот регион го пријавуваат своето производство за годинашната реколта. Од подрачната единица на Министерството во Прилеп информираат дека досега се издадени 14.000 бели картони за тутунарите од Прилепско-крушевскиот регион. Според Сојузот на тутунските здруженија на Македонија веќе има проблеми со откупувачите. Фирмите не прават договор за целокупното пријавено производство, туку ограничуваат и сакаат да впишат помалку, а со другите откупувачи не смееме да склучиме договор.
За да им излезе во пресрет на сите тутунари, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до петок го продолжи рокот за издавање бели картони со кои производителите од прилепскиот регион го пријавуваат своето производство за годинашната реколта.
Од подрачната единица на Министерството во Прилеп информираат дека досега се издадени 14.000 бели картони за тутунарите од Прилепско-крушевскиот регион.
Според Сојузот на тутунските здруженија на Македонија веќе има проблеми со откупувачите.
- Фирмите не прават договор за целокупното пријавено производство, туку ограничуваат и сакаат да впишат помалку, а со другите откупувачи не смееме да склучиме договор, велат од Сојузот.
Претседателот на Сојузот, Данчо Милески, информира дека на средбата во Стопанската комора најавена за неделава, производителите ќе ги изнесат барањата за цените зашто воопшто не се задоволни од предлозите на откупните фирми.