Извоз на пилешко месо и јајца на европските пазари

Bez autora
Feb 01 2016

Македонските производители на јајца ќе можат да ги пласираат производите на европските пазари и на Блискиот Исток, а не само во Србија, Косово и Црна Гора, како досега. Според Агенцијата за храна и ветеринарство, државата вложува напори да им помогне на живинарските фарми и наскоро ќе се знае кога ќе можат домашните преработувачи на пилешко месо, освен јајцата, и овој производ да го извезуваат на пазарите надвор од Македонија. Тоа за производителите на јајца и на живинско месо ќе значи многу. Затоа што досега не можевме да извезуваме, ниту да превезуваме транзит низ државите од Европска унија. Со помош на Владата и на Агенцијата за храна и ветеринарство сега ни е отворен и патот и за извоз и пласман во земјите на ЕУ. Во Македонија има 110 живинарски фарми од кои десетина се поголеми и произведуваат над 50.000 јајца дневно.

Извоз на пилешко месо и јајца на европските пазариМакедонските производители на јајца ќе можат да ги пласираат производите на европските пазари и на Блискиот Исток, а не само во Србија, Косово и Црна Гора, како досега.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство, државата вложува напори да им помогне на живинарските фарми и наскоро ќе се знае кога ќе можат домашните преработувачи на пилешко месо, освен јајцата, и овој производ да го извезуваат на пазарите надвор од Македонија.

„Тоа за производителите на јајца и на живинско месо ќе значи многу. Затоа што досега не можевме да извезуваме, ниту да превезуваме транзит низ државите од Европска унија. Со помош на Владата и на Агенцијата за храна и ветеринарство сега ни е отворен и патот и за извоз и пласман во земјите на ЕУ“, вели сопственикот на „Везешари“, Арбен Абдурахмани.

Во Македонија има 110 живинарски фарми од кои десетина се поголеми и произведуваат над 50.000 јајца дневно.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik