На трговците кои ќе извезуваат домати во странство, државата ќе им даде субвенција по три денари од килограм. Но, за да се добие оваа бенефиција доматите претходно треба да се разладуваат, калибрираат и пакуваат во домашните откупно дистрибутивни центри. Ако доматите, пак, се носат во дистрибутивните центри само на разладување, тогаш помошта ќе изнесува само 2 денари, по килограм извезени домати. Оваа мерка на Министерството за земјоделие доаѓа откако земјоделците од Струмица, минатата недела се пожалија на немањето пласман на земјоделските производи и почнаа доматите да ги фрлат на депонија. Субвенциите ќе бидат финансирани преку програмата за рурален развој, и тие треба да ги стимулира извозниците, да ги извезуваат земјоделските производи и да ги пласираат според светските норми, на странските пазари. Доматите за да се извезуваат ќе треба да бидат спакувани по светски стандарди, за да го издржат долгиот транспорт, и да се безбедни од расипување.
На трговците кои ќе извезуваат домати во странство, државата ќе им даде субвенција по три денари од килограм. Но, за да се добие оваа бенефиција доматите претходно треба да се разладуваат, калибрираат и пакуваат во домашните откупно дистрибутивни центри. Ако доматите, пак, се носат во дистрибутивните центри само на разладување, тогаш помошта ќе изнесува само 2 денари, по килограм извезени домати.
Оваа мерка на Министерството за земјоделие доаѓа откако земјоделците од Струмица, минатата недела се пожалија на немањето пласман на земјоделските производи и почнаа доматите да ги фрлат на депонија. Субвенциите ќе бидат финансирани преку програмата за рурален развој, и тие треба да ги стимулира извозниците, да ги извезуваат земјоделските производи и да ги пласираат според светските норми, на странските пазари. Доматите за да се извезуваат ќе треба да бидат спакувани по светски стандарди, за да го издржат долгиот транспорт, и да се безбедни од расипување.