Извозот расте во евра, а паѓа во долари

Bez autora
Sep 06 2015

Извозот во јули годинава пораснал ако вредноста на стоките е изразена во евра, а паднал доколку таа е пресметана во американската валута, односно во долари. Увозот, пак, во седмиот месец е намален и во долари, и во евра. Или, изразено во евра извозот во јули годинава во однос на истиот месец лани бележи раст од 5 отсто. Во периодот од првите седум месеци од годинава, пак, извозот изразен во евра пораснал за 11 проценти во однос на истата временска отсечка од минатата година. Кога станува збор за увозот, пак, исто така изразен во евра, во јули тој бележи минимален пад од 0,9 отсто во однос на истиот месец од минатата година, додека, пак, гледано во првите седум месеци од годинава кај увозот имал помал пораст од извозот, односно 5,7 проценти. Пресметките во денари покажуваат слични проценти на раст на увозот и извозот.

Извозот во јули годинава пораснал ако вредноста на стоките е изразена во евра, а паднал доколку таа е пресметана во американската валута, односно во долари. Увозот, пак, во седмиот месец е намален и во долари, и во евра.

Или, изразено во евра извозот во јули годинава во однос на истиот месец лани бележи раст од 5 отсто. Во периодот од првите седум месеци од годинава, пак, извозот изразен во евра пораснал за 11 проценти во однос на истата временска отсечка од минатата година.

Кога станува збор за увозот, пак, исто така изразен во евра, во јули тој бележи минимален пад од 0,9 отсто во однос на истиот месец од минатата година, додека, пак, гледано во првите седум месеци од годинава кај увозот имал помал пораст од извозот, односно 5,7 проценти. Пресметките во денари покажуваат слични проценти на раст на увозот и извозот.

Но, за разлика од нив, кога вредноста на производите се изразува во долари, бројките зборуваат за пад на увозот и извозот. Односно, кај извозот падот е 14,6 отсто во јули во однос на јули лани, како и минус од 9,8 отсто во првите седум месеци од годинава во однос на истиот период лани. Кај увозот во долари, пак, падот во јули е огромен и изнесува 19,5 отсто, а во седумте месеци има намалување на увозот во долари од 14,1 отсто.

Токму фактот што размената изразна во долари бележи постојано намалување, што според познавачите се должи на промените на курсот на оваа валута, беше причина Државниот завод за статистика да почне вредноста на размената да ја пресметува и во евра и во денари. Извозот и увозот изразени во евра покажуваат зголемување.

Инаку, трговската размена во првите седум месеци годинава изнесува 344,3 милијарди денари и е за 7,8 отсто повисока споредено со првите седум месеци минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Пресметано во евра, пак, трговската размена од јануари до јули достигнала 5,58 милијарди евра и исто така е за 7,8 отсто поголема од истиот период лани. Во долари пак гледано трговската размена бележи намалување 12,4 отсто на вкупно 6,20 милијарди долари. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2015 година, изнесува 60,5 милијарди денари, изразен во долари 1,09 милијарди, односно 983 милиони евра.

Покриеноста на увозот со извоз е 70,1 отсто.

Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во прав.

Во првите седум месец од годинава, како и вообичаено, Германија е нашиот најзначаен трговски партнер, на второ место е Велика Британија, Грција е трета, а Србија е на четврта позиција според трговската размена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik