Вкупната стоковна размена на Македонија со странство од јануари до август годинава изнесува 7,5 милијарди долари. Според Државниот завод за статистика, извозот на стоки изнесувал 3,1 милијарда долари и бележи пораст од 6,4 отсто во однос на тој период од претходната година. Додека вредноста на увезената стока изнесува 4,4 милијарди долари, за 6,2 отсто повеќе во споредба со истиот период 2015. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2016 година, изнесува 1,2 милијарди долари, а покриеноста на увозот со извоз била 70,9 отсто. Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.
Вкупната стоковна размена на Македонија со странство од јануари до август годинава изнесува 7,5 милијарди долари.
Според Државниот завод за статистика, извозот на стоки изнесувал 3,1 милијарда долари и бележи пораст од 6,4 отсто во однос на тој период од претходната година. Додека вредноста на увезената стока изнесува 4,4 милијарди долари, за 6,2 отсто повеќе во споредба со истиот период 2015. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2016 година, изнесува 1,2 милијарди долари, а покриеноста на увозот со извоз била 70,9 отсто.
Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали.