Извозот со раст од 11,6 отсто

Bez autora
Sep 06 2017

Извозот во периодот јануари – јули 2017 година бележи раст од 11,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, вредноста на извозот изнесува 3.045.862.000 долари. Увозот, пак, забележал раст од 8 отсто, а вредноста на увезената стока изнесува 4.133.355.000 долари. Трговскиот дефицит, во овој период 1.087.493.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2017, изнесува 73,5 отсто. Најмногу се извезувале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Извозот со раст од 11,6 отстоИзвозот во периодот јануари – јули 2017 година бележи раст од 11,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, вредноста на извозот изнесува 3.045.862.000 долари. Увозот, пак, забележал раст од 8 отсто, а вредноста на увезената стока изнесува 4.133.355.000 долари.

Трговскиот дефицит, во овој период 1.087.493.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2017, изнесува 73,5 отсто.

Најмногу се извезувале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-јули 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik