Извозот Во првите пет месеци од годинава извозот е зголемен за 7,3 проценти, а увозот за 6,3 проценти. Според податоци кои ги објави Државниот завод за статистика, вредност на извозот на стоки во тој период изнесува 104.714.309 денари, а вредноста на увезената стока била 148.981.374 денари. Трговскиот дефицит изнесувал 44.267.065 денари, а покриеноста на увозот со извоз е 70,3 проценти. Во овој период најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија. Во извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.
Извозот Во првите пет месеци од годинава извозот е зголемен за 7,3 проценти, а увозот за 6,3 проценти.
Според податоци кои ги објави Државниот завод за статистика, вредност на извозот на стоки во тој период изнесува 104.714.309 денари ( или околу 1,7 милиони евра), а вредноста на увезената стока била 148.981.374 денари(или околу 2,4 милиони евра).
Трговскиот дефицит изнесувал 44.267.065 денари (или околу 720.000 евра), а покриеноста на увозот со извоз е 70,3 проценти. Во овој период најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.
Во извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.