Јавен повик за странски експерти за домашни компании

Bez autora
Jul 17 2017

Третиот јавен повик за проектот „Странски експерти за домашни компании“, денеска беше промовиран во Владата. Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, ја потврди силната заложба и поддршка на новата влада за раст и развој на домашните компании и како што рече тој, ова е една од мерките што ќе придонесе кон јакнење и зголемување на капацитетите на домашните фирми. На почетокот сакам да изразам благодарност до Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија и до сите останати амбасади коишто дадоа придонес во овој проект. Суштината на овој проект е да се пренесе know-how од странски експерти во македонските компании со цел да се примени нивото на новите технологии во нашите компании, нивото на соработка со странски компании што имаат поголемо искуство во примената на новите технолошки достигнувања и менаџирање. Овој проект треба да им помогне на домашните компании да го зголемат својот капацитет и своите знаења за да можат да бидат поконкурентни на светскиот пазар, рече Анѓушев.

Јавен повик за странски експерти за домашни компанииТретиот јавен повик за проектот „Странски експерти за домашни компании“, денеска беше промовиран во Владата.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, ја потврди силната заложба и поддршка на новата влада за раст и развој на домашните компании и како што рече тој, ова е една од мерките што ќе придонесе кон јакнење и зголемување на капацитетите на домашните фирми.

„На почетокот сакам да изразам благодарност до Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија и до сите останати амбасади коишто дадоа придонес во овој проект. Суштината на овој проект е да се пренесе know-how од странски експерти во македонските компании со цел да се примени нивото на новите технологии во нашите компании, нивото на соработка со странски компании што имаат поголемо искуство во примената на новите технолошки достигнувања и менаџирање. Овој проект треба да им помогне на домашните компании да го зголемат својот капацитет и своите знаења за да можат да бидат поконкурентни на светскиот пазар“, рече Анѓушев.

Амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер Тејада, рече дека Швајцарија останува цврсто посветена во помошта што ја дава за економски развој на Македонија и за таа цел Швајцарија учествува со поддршка во 14 економски проекти во земјава. Со оваа помош, во рамките на швајцарскиот проект „Зголемување на пазарната вработеност“, поддржани се 12 мисии на швајцарски експерти во Македонија.

Досегашните постигнувања говорат дека дури 78% од компаниите се задоволни од користењето на странска експертиза, а 90% повторно би аплицирале за ваква помош.

Рокот за пријавување на овој трет повик е до 29 јули.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik