Југохром на почетокот на минатиот месец ја доби дозволата за изградба на комплетниот систем за отпрашување и се надевам дека до почетокот на идната година ќе биде готов првиот погон кој ќе го содржи системот за отпрашување на печките број 7 и 8 кои покриваат некаде околу 65 отсто од вкупниот капацитет на фабриката. За ова денеска директорот на Југохром Васко Скендеровски го информираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по пуштањето во употреба на реконструираниот далекувод Скопје – Тетово и трансформаторската станица Југохром во Јегуновце. Интензивно почнуваме со работите за етапна изградба на системот.
Југохром на почетокот на минатиот месец ја доби дозволата за изградба на комплетниот систем за отпрашување и се надевам дека до почетокот на идната година ќе биде готов првиот погон кој ќе го содржи системот за отпрашување на печките број 7 и 8 кои покриваат некаде околу 65 отсто од вкупниот капацитет на фабриката.
За ова денеска директорот на Југохром Васко Скендеровски го информираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по пуштањето во употреба на реконструираниот далекувод Скопје – Тетово и трансформаторската станица Југохром во Јегуновце.
- Интензивно почнуваме со работите за етапна изградба на системот. Се надевам дека до крајот на 2017 година комплетно ќе биде изграден целиот систем за отпрашување. Финансиската конструкција е веќе обезбедена, газдата беше тука пред неколку дена и ја направивме комплетната финасиска конструкција и бизнис план за работа за 2017 година. Очекувам без некои сериозни пречки се да се одвива се според планот, рече Скендеровски.