"Југохром" се' уште чека градежна дозвола за филтрите

Bez autora
Mar 03 2016

„Југохром“ за две недели очекува да ја добие градежната дозвола и конечно да почне да го гради системот за отпрашување. Комбинатот, кој два месеци не работеше, пред два дена повторно ги стартуваше печките, но и овој пат без филтри на оџаците. Роковите за најважната инвестиција, неопходна за еколошки одржливо работење на компанијата, незапирливо течат, но и понатаму заглавени во административните лавиринти. „Југохром“ најмалку до крајот на октомври ќе работи без филтри и сериозно ќе придонесува за уште поголемо загадување на воздухот со ПМ-честички. Во Министерството за животна средина велат дека во моментов немаат податоци дали двомесечниот прекин во работењето на компанијата влијаел за намалување на загадувањето. Резултати за тоа што и во колкава мера загадува во Тетово и околината ќе се чекаат од материјалите за хемиска анализа.

"Југохром" се' уште чека градежна дозвола за филтрите„Југохром“ за две недели очекува да ја добие градежната дозвола и конечно да почне да го гради системот за отпрашување.

Комбинатот, кој два месеци не работеше, пред два дена повторно ги стартуваше печките, но и овој пат без филтри на оџаците. Роковите за најважната инвестиција, неопходна за еколошки одржливо работење на компанијата, незапирливо течат, но и понатаму заглавени во административните лавиринти.

„Југохром“ најмалку до крајот на октомври ќе работи без филтри и сериозно ќе придонесува за уште поголемо загадување на воздухот со ПМ-честички. Во Министерството за животна средина велат дека во моментов немаат податоци дали двомесечниот прекин во работењето на компанијата влијаел за намалување на загадувањето. Резултати за тоа што и во колкава мера загадува во Тетово и околината ќе се чекаат од материјалите за хемиска анализа.

„На потеклото на загадувањето влијаат многу параметри и не може паушално и пластично да се споредуваат податоци од мерните станици од изминатите месеци со кој било друг период без да се вметнат сите параметри. Само со хемиска анализа ќе се знае точно што и во колкав процент учествува во составот на воздухот во Тетово и околината. Од таму ќе се откријат и изворите на загадување, поточно ќе се знае колкав процент од загадувањето е од ’Југохром‘, колку од сообраќајот, колку од затоплувањето... Тие анализи ќе се прават идниот месец“, велат во Министерството.

„Југохром“ досега требаше да се усогласи со Оперативниот план и да добие интегрирана еколошка дозвола, но не го испочитува законскиот рок во април 2014 година. Владата во октомври истата година одобри дополнителен рок од две години за спроведување на инвестициите, под услов првите шест месеци работите да бидат видливи на терен. Рокот на „Југохром“ истекува во октомври годинава, а според раководството на комбинатот, се прават напори во системот за отпрашување дотогаш да влезат барем два од погоните.

„Документацијата беше доставена во предвидениот термин, но ни беа побарани дополнителни информации и документи поради што роковите се одолжија. Очекуваме градежната дозвола да ја добиеме до 15 март, а градежните работи на системот за отпрашување веднаш ќе стартуваат“, вели Васко Скендеровски, генерален директор на „Југохром“.

Тој посочува дека до октомври со филтри сигурно ќе бидат најголемите печки во вториот погон, а ќе се направат напори во системот за отпрашување да влезе и третиот погон. Што се однесува до првиот погон, Скендеровски вели дека тука се наоѓаат најмалите печки, кои може и да не работат додека не се завршат инвестициите.

Тој нагласи дека веќе е избрана една македонска компанија која ќе треба да ја направи инвестицијата која се проценува на 12-13 милиони евра. Технологијата е од Европската Унија и од САД. Со новиот систем ќе се стават под контрола честичките ПМ-10, чии концентрации од оџаците на „Југохром“ без филтри се повеќепати повисоки од максимално дозволените.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik