Турската компанија „Чагатај кабло“ денеска во индустриската зона Бунарџик поставува камен темелник за изградба на нова фабрика. Инвестицијата се проценува на шест милиони евра и со неа ќе се отворат околу 200 директни вработувања. На поставувањето на камен темелникот ќе се обрати вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев. Турската компанија е основана во 1998 година за производство на жици и кабли претежно за потребите на автомобилската индустрија. Главни клиенти на компанијата се водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, клима уреди, машини за чистачи, специјални аеродромски возила.
Турската компанија „Чагатај кабло“ денеска во индустриската зона Бунарџик поставува камен темелник за изградба на нова фабрика. Инвестицијата се проценува на шест милиони евра и со неа ќе се отворат околу 200 директни вработувања.
На поставувањето на камен темелникот ќе се обрати вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Турската компанија е основана во 1998 година за производство на жици и кабли претежно за потребите на автомобилската индустрија. Главни клиенти на компанијата се водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, клима уреди, машини за чистачи, специјални аеродромски возила.