Капитал банка АД Скопје издава прва корпоративна обврзница

Bez autora
Jul 17 2017

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 119. седница на Капитал банка АД Скопје ѝ даде одобрение да издаде корпоративна обврзница за познати купувачи. Станува збор за прва емисија на 1.000 обврзници со поединечна номинална вредност од 1.000 евра и со вкупна вредност од 1.000.000 евра. Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос (купонска), во нематеријализиран облик, неконвертибилна, гласи на име и е неограничено пренослива. Емисијата на обврзници на Капитал банка АД Скопје се врши заради зголемување на капиталот и сопствените средства на друштвото, подобрување на профитабилноста, проширување на портфолиото на услугите што се нудат, како и за инвестиции во ИТ-решенија за изградба на дигитални платформи за онлајн-услуги на банката.

Капитал банка АД Скопје издава прва корпоративна обврзницаКомисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 119. седница на Капитал банка АД Скопје ѝ даде одобрение да издаде корпоративна обврзница за познати купувачи. Станува збор за прва емисија на 1.000 обврзници со поединечна номинална вредност од 1.000 евра и со вкупна вредност од 1.000.000 евра.

Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос (купонска), во нематеријализиран облик, неконвертибилна, гласи на име и е неограничено пренослива.

Емисијата на обврзници на Капитал банка АД Скопје се врши заради зголемување на капиталот и сопствените средства на друштвото, подобрување на профитабилноста, проширување на портфолиото на услугите што се нудат, како и за инвестиции во ИТ-решенија за изградба на дигитални платформи за онлајн-услуги на банката. Купувачи на обврзниците од првата емисија се: Алфа банка ЕАД, Софија, Бугарија, која ќе откупи 90 проценти од понудените обврзници, како и двата инвестициски фонда, „КБ Публикум-балансиран“ и „КБ Публикум-обврзници“ од Скопје, со по 5 проценти, соопшти Комисијата за хартии од вредност.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik