Караван за проектот „Купи куќа купи стан“

Bez autora
Apr 13 2015

Преку караван за проектот „Купи куќа, купи стан“, што ќе стартува следната недела, Министерството за финансии ќе ги презентира пред граѓаните можностите и поволностите од проектот со субвенција од Владата да се обезбеди сопствен дом. Според концептот „сите информации за проектот на исто место“ планирани се презентации од претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании во девет градови. Караванот стартува во четврток следната недела (16 април), со презентација во општината во Охрид во 17:30 часот и продолжува секој нареден четврток во друг град. Тимовите за презентација на проектот на 23 април ќе бидат во Битола, на 30 април во Прилеп, на 7 мај во Гевгелија, 14 мај во Струмица, 28 мај во Тетово и на 4 јуни во Велес и во Куманово.

Караван за проектот „Купи куќа купи стан“Преку караван за проектот „Купи куќа, купи стан“, што ќе стартува следната недела, Министерството за финансии ќе ги презентира пред граѓаните можностите и поволностите од проектот со субвенција од Владата да се обезбеди сопствен дом.

Според концептот „сите информации за проектот на исто место“ планирани се презентации од претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании во девет градови.

Караванот стартува во четврток следната недела (16 април), со презентација во општината во Охрид во 17:30 часот и продолжува секој нареден четврток во друг град. Тимовите за презентација на проектот на 23 април ќе бидат во Битола, на 30 април во Прилеп, на 7 мај во Гевгелија, 14 мај во Струмица, 28 мај во Тетово и на 4 јуни во Велес и во Куманово.

Сите заинтересирани граѓани може да ги посетат презентациите и да се информираат за субвенцијата за купување сопствен дом, велат од Министерството за финансии од каде вчера го доделија 500-тото решение од проектот „Купи куќа, купи стан“.

Според Министерството за финансии, караваните низ поголемите градови се поради големиот интерес кај граѓаните за проектот и со оглед на тоа што една третина од одобрените барања се од внатрешноста на државата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik