Катар и Македонија ќе се поврзуваат туристички

Bez autora
Oct 28 2015

Постојат многу можности за соработка меѓу Катар и Македонија, особено во туризмот, но и во многу други области, изјави Али Ал Раис, прв заменик претседател на „Катар ервејс“ по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Ал Раис е дел од катарската бизнис делегација, која на покана на шефот на македонската држава, престојува во неколкудневна посета на земјава, со цел да се истражат можностите за инвестирање. Како претставник на ’Катар ервејс‘ гледаме потенцијални можности во Македонија, пред се' како земја со која може да го развиваме туризмот. Се надевам дека идната година, ќе воведеме директен лет до Скопје, што ќе преставува одлична можност за градење на мост меѓу двете земји, рече Ал Раис. Според него директната линија ќе овозможи луѓето од бизнис заедницата полесно да патуваат.

Постојат многу можности за соработка меѓу Катар и Македонија, особено во туризмот, но и во многу други области, изјави Али Ал Раис, прв заменик претседател на „Катар ервејс“ по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Ал Раис е дел од катарската бизнис делегација, која на покана на шефот на македонската држава, престојува во неколкудневна посета на земјава, со цел да се истражат можностите за инвестирање.

„Како претставник на ’Катар ервејс‘ гледаме потенцијални можности во Македонија, пред се' како земја со која може да го развиваме туризмот. Се надевам дека идната година, ќе воведеме директен лет до Скопје, што ќе преставува одлична можност за градење на мост меѓу двете земји“, рече Ал Раис. Според него директната линија ќе овозможи луѓето од бизнис заедницата полесно да патуваат. „Сега ни се потребни 10 часа да стигнеме до овде. Се надевам дека во иднина, со директен лет ќе бидат потребни околу 4 часа. Постојат многу можности за соработка меѓу двете земји. Делегацијата што е со мене ќе ги разгледа можностите што ни беа презентирани, и понатаму ќе ги разработиме“, истакна Али Ал Раис.

Заменик-министерот за економија Христијан Делев нагласи дека бизнис делегација од Катар била запознаена со еден нов концепт на презентација, за конкретни проекти во Македонија, подготвени за инвеститорите.

„Беа презентирани повеќе компании од повеќе друштва и повеќе проекти кои се конкретни и подготвени за инвестиции. Делегација ги разгледа сите овие проекти. Потоа имаа и директно средби со бизнис заедницата. Имаше интерес за извоз на македонски земјоделски производи на нивниот пазар, јаболка и јагнешко месо, како и за неколку проекти во делот на хотелиерството и туризмот“, изјави Делев.

Претседателот Иванов на средбата со катарските бизнисмени, како што информира неговиот кабинет, истакнал дека Македонија има одлични политички односи со Катар и изразил силна поддршка за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји. „Бизнис делегацијата од Катар изрази особен интерес за областите на земјоделството, производството на храна, енергетиката, телекомуникациите, градежништвото, инфраструктурата и недвижностите. Во тој контекст, изминативе денови беа организирани и средби меѓу катарската делегација со институциите задолжени за привлекување на странски инвестиции, како и со домашни компании - членки на Стопанските комори“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов.

Посетата на катарската бизнис делегација во Република Македонија, следи откако на почетокот на годината претседателот Иванов оствари средба со емирот на Државата Катар, Н.В. Шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани, како и со шеикот Калифа бин Јасим Ал Тани, претседател на катарската стопанска комора.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik