Категоризација на млекото и фармите до 2019 година

Bez autora
Mar 20 2016

Од АХВ велат дека дел од производителите го задоволуваат овој стандард, а дел очекуваат тоа да го достигнат во постапката на категоризација До декември 2019 година, сите одгледувачи на молзни крави во државата треба да ги исполнат условите за категоризација на млекото согласно со ЕУ-стандардите, или во спротивно, не ќе може да го продаваат млекото во преработувачките капацитети. Процесот што го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство почна во втората половина на 2015 година, а опфаќа приспособување на производството во однос на три клучни параметри: објекти и производство, хигиена, како и критериуми за сурово млеко. Во Македонија се евидентирани над 9.000 одгледувачи на молзни крави. Државата ги донесе правилниците, па европската легислатива е целосно пренесена во Македонија.

Категоризација на млекото и фармите до 2019 годинаОд АХВ велат дека дел од производителите го задоволуваат овој стандард, а дел очекуваат тоа да го достигнат во постапката на категоризација

До декември 2019 година, сите одгледувачи на молзни крави во државата треба да ги исполнат условите за категоризација на млекото согласно со ЕУ-стандардите, или во спротивно, не ќе може да го продаваат млекото во преработувачките капацитети.

Процесот што го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна во втората половина на 2015 година, а опфаќа приспособување на производството во однос на три клучни параметри: објекти и производство, хигиена (на објекти, собирање и транспорт на млеко), како и критериуми за сурово млеко (вкупен број микроогранизми и соматски клетки).

Во Македонија се евидентирани над 9.000 одгледувачи на молзни крави.

Државата ги донесе правилниците, па европската легислатива е целосно пренесена во Македонија. Вкупниот број микроорганизми во еден милилитар млеко на 30 степени Целзиусови треба да биде до или помалку од 100.000, додека на соматски клетки до или помалку од 400.000.

„Дел од производителите го задоволуваат овој стандард, а дел очекуваме тоа да го достигнат во постапката на категоризација“, велат од АХВ.

Краварските фарми треба да исполнуваат и стандарди за благосостојба на животните. Засега, одгледувачите ги задоволуваат минимум пропишаните услови: средина соодветна на видот, квалитетна храна и вода за напојување, како и хумано однесување кон животните.

Одгледувачите мора да имаат и договор со ветеринарно друштво кое ја спроведува годишната контрола за здравствена заштита на животните што подразбира испитување на бруцелоза и туберкулоза.

Во однос на регистрацијата и идентификацијата, сите животни треба да се обележани, а сопственикот мора ажурно да го води фарм-регистарот и да ги запазува роковите на пријавување и движењата на животните.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik