Комисијата за хартии од вредност денеска побара дополнителна документација од покровителот на преземачот, односно од брокерската куќа која го застапува „Балкан петролеум“, кој достави понуда за акциите на „Макпетрол“. Тоа значи дека Комисијата нема денеска да одлучи дали ќе ја прифати или отфрли понудата, туку тоа ќе го стори откако ќе ја добие документацијата што ја побарува од „Балкан петролеум“. Од моментот кога брокерската куќа што ја застапува компанијата ќе ги достави бараните документи, од тогаш ќе течат нови десет работни дена за одлучување во Комисијата за хартии од вредност. Но, повторно доколку документацијата е комплетна. Ова значи дека постапката може да потрае.
Комисијата за хартии од вредност денеска побара дополнителна документација од покровителот на преземачот, односно од брокерската куќа која го застапува „Балкан петролеум“, кој достави понуда за акциите на „Макпетрол“.
Тоа значи дека Комисијата нема денеска да одлучи дали ќе ја прифати или отфрли понудата, туку тоа ќе го стори откако ќе ја добие документацијата што ја побарува од „Балкан петролеум“.
Од моментот кога брокерската куќа што ја застапува компанијата ќе ги достави бараните документи, од тогаш ќе течат нови десет работни дена за одлучување во Комисијата за хартии од вредност. Но, повторно доколку документацијата е комплетна. Ова значи дека постапката може да потрае.
„Рокот од 10 работни дена утврден во Законот за преземање на акционерски друштва тече по комплетирање на барањето за добивање дозвола за понуда за преземање“, велат од КХВ. Од таму, не откриваат дополнителни информации, со образложение дека тоа е во интерес на постапката.
Според првичниот законски рок, КХВ требаше денеска да соопшти дали ќе даде одобрение или ќе ја стопира понудата на „Балкан петролеум“, бидејќи барањето беше доставено на 4 јули, а денеска истекуваше рокот од 10 работни дена, по што можеше да отпочне постапката за преземање на акциите на „Макптерол“.
Инаку, понудата за преземање на најголемата компанија за дистрибуција на енергенси кај нас, „Макпетрол“, предизвика вистинска бура во домашната јавност.
Телевизија „Телма“, која е во сопственост на „Макпетрол“, повеќепати објави дека зад понудата за преземање стојат контроверзни бизнисмени како и дека уште пред да се официјализира понудата, биле контактирани акционери на „Макпетрол“, па дури и вознемирувани за да ги продадат акциите. Дел од луѓето, пак, биле поврзани со скандалот со уништувањето на романската компанија „Рафо“.
Од друга страна, Петар Стојановски, кој е овластен полномошник на „Балкан петролеум“, во петокот преку соопштение до медиумите вели дека „Балкан петролеум холдинг лимитед“ ја разбира загриженоста на синдикатот за статусот и правата на вработените по евентуалното преземање на компанијата.
Реакцијата дојде по огласувањето на синдикатот на „Макпетрол“, кој во писмен допис и' препорача на КХВ при одлучувањето дали ќе даде дозвола за понуда за преземање, да провери кое лице стои зад преземањето, како и притоа да донесе одлука со која ќе бидат заштитени работничките права.
„Во спротивно, ќе бидеме принудени да пристапиме кон други мерки за заштита на работничките права“, истакнаа од синдикатот на „Макпетрол“.
Стојановски во реакцијата вели дека до Комисијата за хартии од вредност, е доставен проспект во кој се елаборирани стратешките планови на БПХЛ.
„Тој документ ќе стане јавно достапен по добивањето на согласноста за преземање од КХВ. Тогаш официјално ќе бидат презентирани стратегиските планови на БПХЛ“, вели Стојановски, додавајќи дека „фактот што крајниот преземач има богата кариера и искуство во нафтениот бизнис, меѓу кои и партнерство со ’Бритиш петролеум’, е повеќе од доволна референца дека компанијата ќе биде вратена во нормален колосек“.