Стартува лани најавената браунфилд инвестиција на американската компанија „Ки Сејфти Системс“, КСС, во економската зона во Кичево. Во производствениот капацитет ќе почнат да се произведуваат воздушни перничиња за автомобили. Инвестицијата се проценува на 20 милиони евра, а се најавува отворање на околу 1.000 работни места. Премиерот Никола Груевски присуствуваше на денешната свеченост по повод реализација на овој инвестицискиот проект кај кичевското село Србјани. Од оваа компанија ме познаваат во изминатите девет години, преку работата и делата, одлуките и решенијата и дадените ветувања. Никогаш не ги изневеривме граѓаните, имаме тим кој носи напредок и успех за Македонија, носи нови работни места, инвестиции, поголеми пензии и плати, земјоделски субвенции, стабилност во државата и европска и евроатлантска перспектива, рече Груевски.
Стартува лани најавената браунфилд инвестиција на американската компанија „Ки Сејфти Системс“, КСС, во економската зона во Кичево.
Во производствениот капацитет ќе почнат да се произведуваат воздушни перничиња за автомобили. Инвестицијата се проценува на 20 милиони евра, а се најавува отворање на околу 1.000 работни места.
Премиерот Никола Груевски присуствуваше на денешната свеченост по повод реализација на овој инвестицискиот проект кај кичевското село Србјани.
„Од оваа компанија ме познаваат во изминатите девет години, преку работата и делата, одлуките и решенијата и дадените ветувања. Никогаш не ги изневеривме граѓаните, имаме тим кој носи напредок и успех за Македонија, носи нови работни места, инвестиции, поголеми пензии и плати, земјоделски субвенции, стабилност во државата и европска и евроатлантска перспектива“, рече Груевски.
КСС е водечки глобален снабдувач на софистицирани сигурносни производи, вклучувајќи механизми за надувување, воздушни перничиња, волани и сигурносни појаси за автомобилски и неавтомобилски намени.
Компанијата има 34 фабрики во 12 земји во светот, меѓународна мрежа од 29 продажни и производствени капацитети и 5 главни технички центри лоцирани во САД, Германија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја.
Инаку, станува збор за една од многуте странски компании кои Владата лани ги најави како потенцијални инвеститори до крајот на 2014 година кои ќе отворат илјадници нови работни места. КСС почна да ја гради фабриката на почетокот на годинава. Тогаш беше најавено од менаџментот на компанијата дека производството ќе започне во средината на годинава и ќе биде целосно наменето за извоз. Заменик-преседателот за глобално производство на КСС, Џим Скарпа, имаше најавено дека ќе се регрутираат кадри од сите потребни профили, при што веднаш ќе се вработат лица на менаџерските позиции. Тој рече дека на почетокот ќе се вработат околу 100 лица, а во наредните години нивниот број ќе достигне до 800. Така, во изминатите месеци поголем дел од вработените како и менаџерскиот кадар одеа на обука во странство. Менаџментот информираше и дека платите на вработените ќе бидат поконкурентни во споредба со оние на другите странски компании кои работат во зоните, но не го спомена и нивниот износ.