„Киро Ќучук“ продаден за 1,1 милион евра на „Еуро прик компани“

Bez autora
Oct 20 2015

Мешовитата македонско-турска фирма „Еуро прик компани“ е новиот сопственик на велешки „Киро Ќучук“. Ова е одлука на Собранието на доверители, откако беше прифатена понудата која оваа фирма ја даде на електронска аукција одржана на 28 септември. Тие за некогашната фабрика која две и пол години е во стечај понудија 68 милиони денари. Инаку, овој капацитет при отворањето беше проценет на 226 милиони денари. Во продажбата беа опфатени градежните објекти, машините и опремата, инвентарот и транспортните средства. На наддавањето учествувале две фирми, а највисока понуда доставиле од мешовитата македонско-турска фирма. Турските инвеститори во неколку наврати биле во посета на фабриката, дошле и нивни стручни лица кои извршиле скенирање на состојбата на опремата и имотот, по што се решиле да наддаваат и да ја купат.

Мешовитата македонско-турска фирма „Еуро прик компани“ е новиот сопственик на велешки „Киро Ќучук“. Ова е одлука на Собранието на доверители, откако беше прифатена понудата која оваа фирма ја даде на електронска аукција одржана на 28 септември. Тие за некогашната фабрика која две и пол години е во стечај понудија 68 милиони денари. Инаку, овој капацитет при отворањето беше проценет на 226 милиони денари. Во продажбата беа опфатени градежните објекти, машините и опремата, инвентарот и транспортните средства.

На наддавањето учествувале две фирми, а највисока понуда доставиле од мешовитата македонско-турска фирма. Турските инвеститори во неколку наврати биле во посета на фабриката, дошле и нивни стручни лица кои извршиле скенирање на состојбата на опремата и имотот, по што се решиле да наддаваат и да ја купат.

„Понудата е прифатлива бидејќи новиот инвеститор се очекува да ја рестартира фабриката, со што ќе придонесе за вработување нови лица и ќе влијае врз социјалниот момент“, изјави Борче Пинев, државен правобранител за територијата на општина Велес, кој појасни дека доколку не се продадеше, по втората неуспешна електронска продажба ќе следуваше поделба на имотот на фабриката на идеални делови. „Тогаш се јавуваат проблеми во правниот и во финансискиот промет. Кусо кажано, фабриката би останала на ниво на споменик“, рече Пинев, кој ја застапуваше Управата за јавни приходи која со 61 отсто е најголемиот доверител во стечајната маса на „Куро Ќучук“. На гласањето, освен него, продажбата ја поддржаа претставниците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравство и на НЛБ Тутунска банка. Против беа струмичка „Еленица“ и скопски „Макпетрол“. На Собранието на доверители беа присутни 91 отсто од доверителите. Дури 93 отсто од нив ги прифатија понудената сума и продажбата на „Киро Ќучук“.

Во одвоени наддавања беа продадени некогашните мензи на „Пелагонија“, кои за 4,5 милиони денари ги купи велешки „Брамс“, како и продавница кај Градскиот пазар која ја купи физичкото лице Стефан Мишев за 380 илјади денари.

Купувачите имаат обврска за 15 дена по добивање на решението да го уплатат остатокот од средствата. Потоа следува потпишување на договорот, по што фабриката и другиот имот преминуваат во нивна сопственост. „Доколку не се уплатат средствата, за кој било предмет на продажба, таа се поништува и се оди на негова поделба“, изјави стечајниот управник Ацо Петров.

Од собраните средства од продажбата, прво се одделуваат пари за стечајната постапка, каде што влегува и исплата на три плати на вработени кои се нашле во работен однос во фабриката на денот на отворање стечај. Потоа се одделуваат за т.н. развлачна обврска каде што единствен доверител е Тутунска банка, по што следуваат и преостанатите доверители, процентуално согласно со нивниот удел во побарувањата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik