Китев: Владата ги исплати наследените 1.5 милиони евра долгoви кон лозарите

Bez autora
Jul 31 2019

ВМРО-ДПМНЕ со години лажеше дека СДСМ нема програма, за денес да ја цитира програмата на СДСМ, истакна денеска на седница на Собранието пратеникот на СДСМ, Бетиене Китев. Китев посочи дека опозицијата влегува во нови лаги тврдејќи дека актуелната влада ги иницирала сите проблеми во земјоделието, кон лозарите, а всушност токму оваа Влада ги исплатила наследените 1.5 милиони евра долг кон нив. Тој дополни дека токму со поддршката на предлогот на пратеникот Панче Минов или друг пратеник Владата продолжува да ги реализира јасните цели и планови. Наместо да се скрати од шпанските скали и жалните врби и да ги намени парите за земјоделците,лозарите, ВМРО-ДПМНЕ не презеде ништо, порача пратеникот Китев.

Китев: Владата ги исплати наследените 1.5 милиони евра долгoви кон лозаритеВМРО-ДПМНЕ со години лажеше дека СДСМ нема програма, за денес да ја цитира програмата на СДСМ,  истакна денеска на седница на Собранието пратеникот на СДСМ, Бетиене Китев.

Китев посочи дека опозицијата влегува во нови лаги тврдејќи дека актуелната влада ги иницирала сите проблеми во земјоделието, кон лозарите, а всушност токму оваа Влада ги исплатила наследените 1.5 милиони евра долг кон нив.

Тој дополни дека токму со поддршката на предлогот на пратеникот Панче Минов или друг пратеник Владата продолжува да ги реализира јасните цели и планови.

„Наместо да се скрати од шпанските скали и жалните врби и да ги намени парите за земјоделците,лозарите, ВМРО-ДПМНЕ не презеде ништо“, порача пратеникот Китев.

Идејата на овој закон за земјоделие е да се подобри исплатата на лозарите и Владата ќе го реализира тоа во мандатниот период од 4 години, со исплата до последниот лозар за да не излезе селективна исплата како во вашиот мандат, истакна Китев обраќајќи се кон опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik