„Колска“ ги изработи првите пет вагони за „МЖ - Транспорт“

Bez autora
May 11 2016

Од халите на велешка „Колска“ излегоа првите пет реновирани товарни вагони. Тие се работеа во изминатите 15 дена, откако „МЖ - Транспорт“ ги донесе за реконструкција. Станува збор за отворени таканаречени плато-вагони кои се дел од договорот за обнова на 75 товарни вагони, од кои 21 се цистерни, 12 затворени и 42 отворени товарни вагони. Се интензивираат работите и во неделата се пуштени првите пет отворени товарни вагони. Во моментов се работи на други 10, од кои до крајот на неделава ќе бидат завршени уште пет. Во наредниот период, во зависност од видот на товарните вагони, цистерни, затворени или отворени, во сообраќај ќе бидат пуштени од 3 до 5, се' додека не ги завршиме сите договорени 75 вагони, изјави директорот.

„Колска“ ги изработи првите пет вагони за „МЖ - Транспорт“Од халите на велешка „Колска“ излегоа првите пет реновирани товарни вагони. Тие се работеа во изминатите 15 дена, откако „МЖ - Транспорт“ ги донесе за реконструкција.

Станува збор за отворени таканаречени плато-вагони кои се дел од договорот за обнова на 75 товарни вагони, од кои 21 се цистерни, 12 затворени и 42 отворени товарни вагони.

„Се интензивираат работите и во неделата се пуштени првите пет отворени товарни вагони. Во моментов се работи на други 10, од кои до крајот на неделава ќе бидат завршени уште пет. Во наредниот период, во зависност од видот на товарните вагони, цистерни, затворени или отворени, во сообраќај ќе бидат пуштени од 3 до 5, се' додека не ги завршиме сите договорени 75 вагони“, изјави директорот Борис Алчев.

Со измената на законската регулатива и добивањето на лиценцата, „Колска“ без учество на тендер може директно да добива работа околу поправката на вагони и локомотиви на „Македонски железници“.

Оваа лиценца што фабриката ја доби на 22 март годинава им ги отвора вратите на погоните за поправка на дел од возилата кои собораќаат по македонските пруги.

Претходно, последната зделка со МЖ „Колска“ ја имаше лани пролетта кога беа поправени десетина вагони, што патнички, што товарни.

Сега вкупно 132 вработени во „Колска“, која неодамна прослави еден век постоење, чекаат да им бидат исплатени заостанатите плати од февруари наваму.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik