Комерцијална банка АД Скопје лани со бруто-добивка од 872,3 милиони денари

Bez autora
Apr 05 2017

Акционерите на Комерцијална банка АД Скопје, на редовното Годишно собрание, потврдија дека Банката ја заврши 2016 година со бруто-добивка во износ од 872,3 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 93 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 779,3 милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 779,3 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 15% од номиналната вредност на акцијата, односно по 150 денари на една акција. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката, во износ од 437,5 милиони денари, да се издвои во резерви, се вели во соопштението од Банката. На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2016 година, Развојниот план со финансиски проекции за периодот 2017-2021 година...

Комерцијална банка АД Скопје лани со бруто-добивка од 872,3 милиони денариАкционерите на Комерцијална банка АД Скопје, на редовното Годишно собрание, потврдија дека Банката ја заврши 2016 година со бруто-добивка во износ од 872,3 милиони денари.

„По пресметување на данокот на добивка од 93 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 779,3 милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 779,3 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 15% од номиналната вредност на акцијата, односно по 150 денари на една акција. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката, во износ од 437,5 милиони денари, да се издвои во резерви“, се вели во соопштението од Банката.

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2016 година, Развојниот план со финансиски проекции за периодот 2017-2021 година, Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Банката за 2017 година, беше избрано друштво за ревизија за 2017 година и усвоен Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik