Комерцијална банка ќе исплати дивиденда од 125 денари по акција

Bez autora
Mar 24 2016

Акционерите на Комерцијална банка ќе добијат дивиденда од 125 денари за акција, соопшти вчера банката, по одржаното редовно Годишно собрание на акционерите. Инаку, нето-добивката на Комерцијална банка за минатата година изнесува 525,1 милиони денари, односно 8,538 милиони евра. Акционерите потврдија дека банката ја заврши 2015 година со бруто-добивка во износ од 588,4 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 63,3 милиони денари, нето-добивката на банката изнесува 525,1 милион денари. Донесена била одлука за распоредување на добивката.

Комерцијална банка ќе исплати дивиденда од 125 денари по акцијаАкционерите на Комерцијална банка ќе добијат дивиденда од 125 денари за акција, соопшти вчера банката, по одржаното редовно Годишно собрание на акционерите.

Инаку, нето-добивката на Комерцијална банка за минатата година изнесува 525,1 милиони денари, односно 8,538 милиони евра.

„Акционерите потврдија дека банката ја заврши 2015 година со бруто-добивка во износ од 588,4 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 63,3 милиони денари, нето-добивката на банката изнесува 525,1 милион денари“, се вели во соопштението.

Донесена била одлука за распоредување на добивката.

„Акционерите на банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 525,1 милион денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 12,5 отсто од номиналната вредност на акцијата, односно по 125 денари на една акција. Заради зголемување на вкупниот капитал на банката и на книговодствената вредност на акциите на банката, акционерите одлучија дел од добивката, во износ од 240,2 милиони денари, да се издвои во резерви“, информираат од Комерцијална банка.

На Собранието биле усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на банката и Консолидираната годишна сметка за 2015 година, како и Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план за 2016 година.

Исто така, биле избрани членови на Надзорниот одбор и на Одборот за ревизија на Банката за следните 4 години, а бил усвоен и Извештајот за усогласеноста на работењето на банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik