Во среда, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание. Акционерите потврдија дека банката ја заврши 2015 година со бруто-добивка во износ од 588,4 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 63,3 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 525,1 милион денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 525,1 милион денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 12,5 отсто од номиналната вредност на акцијата, односно по 125 денари на една акција. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката, во износ од 240,2 милиони денари, да се издвои во резерви.
Комерцијална банка со нето добивка од 525 млн. денари Во среда, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.
Акционерите потврдија дека банката ја заврши 2015 година со бруто-добивка во износ од 588,4 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 63,3 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 525,1 милион денари.
Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 525,1 милион денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 12,5 отсто од номиналната вредност на акцијата, односно по 125 денари на една акција.
Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката, во износ од 240,2 милиони денари, да се издвои во резерви.
На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2015 година, Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Банката за 2016 година, беа избрани членови на Надзорниот одбор и на Одборот за ревизија на Банката за следните четири години и усвоен е Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза.