Комерцијална банка супербренд за 2015/2016 година

Bez autora
Jul 21 2015

Комерцијална банка Скопје е добитник на супербренд-сертификатот за 2015/2016 година во Македонија, соопшти банката. Овој сертификат, како што велат од Комерцијална банка, е доделен согласно со одлуката на стручен совет, составен од претставници на маркетинг-индустријата, академската заедница, медиумите, Стопанската комора на Македонија и сопственици на препознатливи и докажани брендови. „Напорите на банката, да создаде бренд кој креира емотивна врска со своите клиенти и кој е препознатлив, резултираа со идеја и концепт во перцепцијата на граѓаните за постојаност, квалитет и одговорност. Изборот на Комерцијална банка за супербренд на Македонија за 2015/16 година е уште една потврда за успехот на нашата банка и стремежот да бидеме прв избор на банка за клиентите, кои и понатаму може да очекуваат високо ниво на услуга и нови производи, креирани согласно со нивните потреби“, информираат од Комерцијална банка.

Комерцијална банка Скопје е добитник на супербренд-сертификатот за 2015/2016 година во Македонија, соопшти банката. Овој сертификат, како што велат од Комерцијална банка, е доделен согласно со одлуката на стручен совет, составен од претставници на маркетинг-индустријата, академската заедница, медиумите, Стопанската комора на Македонија и сопственици на препознатливи и докажани брендови.

„Напорите на банката, да создаде бренд кој креира емотивна врска со своите клиенти и кој е препознатлив, резултираа со идеја и концепт во перцепцијата на граѓаните за постојаност, квалитет и одговорност. Изборот на Комерцијална банка за супербренд на Македонија за 2015/16 година е уште една потврда за успехот на нашата банка и стремежот да бидеме прв избор на банка за клиентите, кои и понатаму може да очекуваат високо ниво на услуга и нови производи, креирани согласно со нивните потреби“, информираат од Комерцијална банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik