Комерцијална банка тринаесети пат хаградена од ЕБРД

Bez autora
Feb 26 2017

Европската банка за обнова и развој по тринаесетти пат ја награди Комерцијална банка, како најактивен учесник во EBRD TFP – Trade Facilitation Program – програма за унапредување на меѓународната трговија во глобални рамки. Наградата ќе биде и свечено доделена на ЕБОР Бизнис Форумот на 26-та годишна средба на Одборот на гувернери во Кипар на 09 мај годинава. Наградата се доделува еднаш годишно и се однесува на обемот и квалитетот на издадени акредитиви и гаранции со цел поддршка на надворешната трговија. Преку оваа програма вработените имаа можност да ги сертифицираат своите специфични знаења со полагање на испити (7 модули) од областа на меѓународната трговија и пракса. Воедно, тимот од Секторот за односи со странство постигна одлични резултати, признанија и промоција во својата фела.

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ТРИНАЕСЕТИ ПАТ НАГРАДЕНА ОД ЕБРДЕвропската банка за обнова и развој по тринаесетти пат ја награди Комерцијална банка, како најактивен учесник во EBRD TFP – Trade Facilitation Program – програма за унапредување на меѓународната трговија во глобални рамки. Наградата ќе биде и свечено доделена на ЕБОР Бизнис Форумот на 26-та годишна средба на Одборот на гувернери во Кипар на 09 мај годинава.

Наградата се доделува еднаш годишно и се однесува на обемот и квалитетот на издадени акредитиви и гаранции со цел поддршка на надворешната трговија. Преку оваа програма вработените имаа можност да ги сертифицираат своите специфични знаења со полагање на испити (7 модули) од областа на меѓународната трговија и пракса. Воедно, тимот од Секторот за односи со странство постигна одлични резултати, признанија и промоција во својата фела.

„Наградата претставува уште еден поттик за вработените и потврда за коминтентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува една од најтранспарентните и најреномирани банки во Република Македонија“, соопшти банката. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik