Комерцијална, Тутунска и Стопанска ќе тргуваат со акции на регионалната платформа

Bez autora
Mar 28 2016

Комисијата за хартии од вредност им даде согласност на Комерцијална банка АД Скопје , НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, сите три овластени банки за вршење на услуги со хартии од вредност, како и на брокерската куќа "Еурохаус" АД Скопје да ја прошират дозволата за работење со хартии од вредност со нова услуга. Тие ќе можат да вршат прием на пренос на налози за купување и за продавање хартии од вредност на странски пазари, со што ќе можат да се приклучат на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза. Тоа значи дека досега вкупно шест од десетте членки на Македонската берза ги исполнија условите за да учествуваат на регионалната платформа СЕЕ Линк.

Комерцијална, Тутунска и Стопанска ќе тргуваат со акции на регионалната платформаКомисијата за хартии од вредност  им даде согласност на Комерцијална банка АД Скопје , НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, сите три овластени банки за вршење на услуги со хартии од вредност, како и на брокерската куќа "Еурохаус" АД Скопје да ја прошират дозволата за работење со хартии од вредност со нова услуга.

Тие ќе можат да вршат прием на пренос на налози за купување и за продавање хартии од вредност на странски пазари, со што ќе можат да се приклучат на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза.

Тоа значи дека досега вкупно шест од десетте членки на Македонската берза ги исполнија условите за да учествуваат на регионалната платформа СЕЕ Линк.

Исто така, Комисијата за хартии од вредност на "Албсиг"АД Скопје му даде одобрение да издаде трета емисија на акции по пат на приватна понуда.

Станува збор за 50.000 обични акции во вкупна вредност од 500.000 евра. Третата емисија е наменета за познат купувач- единствениот акционер Алб –Сигурацион  АД Тирана.

Со третата емисија на акции, "Албсиг"АД Скопје врши зголемување на основната главнина со трансформирање на заем, даден од страна на единствениот акционер на друштвото во нови влогови, во согласност со законската регулатива.

КХВ издаде една лиценца за инвестициски советник, а обнови две дозволи за работење на брокер и една за инвестициски советник.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik