Коморите ќе соработуваат за подобра бизнис-регулатива

Bez autora
Dec 20 2016

Поддршка на микро, малите и средните претпријатија за полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог, е целта на новиот четиригодишен проект со кој првпат, во насока на донесување подобра бизнис-регулатива, капацитетите ги здружуваат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Како што беше речено вчера на прес-конференција по повод почетокот на проектот, законите последниве години, наместо да ја олеснат и поедностават работата на компаниите, дополнително ја комплицираат. Често се менуваат, не се разбирливи и тешко може да се следат.

Коморите ќе соработуваат за подобра бизнис-регулативаПоддршка на микро, малите и средните претпријатија за полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог, е целта на новиот четиригодишен проект со кој првпат, во насока на донесување подобра бизнис-регулатива, капацитетите ги здружуваат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

Како што беше речено вчера на прес-конференција по повод почетокот на проектот, законите последниве години, наместо да ја олеснат и поедностават работата на компаниите, дополнително ја комплицираат. Често се менуваат, не се разбирливи и тешко може да се следат.

„Во 2015 година Собранието донесе 541 закон од кои 57 отсто преку ноќ, без јавни консултации. Иако тоа беше во насока на подобрување на регулативата, сепак, се покажа како голем предизвик за бизнисите, за нивните напори да се прилагодат кон направените промени“, истакна директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стаин.

Тој укажа на потребата од постојани, транспарентни консултации меѓу државните институции и бизнисот зашто така, нагласи, ќе се донесе подобра легислатива, полесно разбирлива за компаниите и поедноставно за примена.

„Законите се добри на хартија, но во пракса создаваат проблеми. Овој проект ќе биде голем предизвик за нас, коморите, зашто првпат се здружуваме со иста, заедничка цел“, напомена извршниот директор на СКСЗМ, Фатмир Битиќи.

Елена Милевска-Штрбевска од Стопанската комора дополни дека со проектот, микро и малите бизниси ќе ја подобрат усогласеноста со законските барања, а бизнис- организациите ќе воспостават конструктивен дијалог за подобрување на регулативата.

Според Горан Попоски од МАСИТ, планираните активности ќе ги зацврстат позициите на коморите во креирањето подобра бизнис-клима. „Проектот ќе биде основа за долгорочна соработка на коморите и заеднички настап пред институциите“, потенцира Попоски.

Според Љубомир Димовски од ЕПИ центар интернационал, кој е водечки партнер на проектот, коморите првпат ќе ги здружат капацитетите за постигнување заедничка цел – подобра бизнис регулатива. „Проектот предвидува развој на неколку иновативни алатки, агрегатен портал и мобилна апликација, како и механизми за полесно следење на регулативата, но и мониторинг на изречените казни кои треба да бидат превенција и едукација, а не санкционирање“, подвлече Димовски.

Проектот „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“ е вреден 1,9 милиони долари, а го финансира УСАИД. Ќе се фокусира на земјоделство, текстил, ИТ и градежништво.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik