Компаниите бараат ефикасна наплата на долговите од јавниот сектор

Bez autora
Sep 08 2015

Да се интервенира во Законот за извршување, конкретно во членот 211, за да можат компаниите да ги наплатат побарувањата од државата, нејзините органи, јавните претпријатија и општините, бара Стопанската комора на Македонија и информира дека ваквиот предлог веднаш ќе биде доставен до Министерството за правда. Комората предлага на членот да се додаде нов став кој ќе дозволи да се спроведува извршување без никакво ограничување врз парите на должникот, кој ги има на сметките во банка. Според Комората, членот 211 дозволува прешироко толкување поради што, најчесто, Законот нееднакво важи за јавниот и за приватниот сектор. Третманот е нерамноправен, а компаниите, притоа, се во подредена позиција. Според Комората, членот 211 всушност овозможува покрај предметите и правата, како неопходни за вршење на дејноста на должниците да се определат и паричните средства на нивните сметки.

Да се интервенира во Законот за извршување, конкретно во членот 211, за да можат компаниите да ги наплатат побарувањата од државата, нејзините органи, јавните претпријатија и општините, бара Стопанската комора на Македонија и информира дека ваквиот предлог веднаш ќе биде доставен до Министерството за правда. Комората предлага на членот да се додаде нов став кој ќе дозволи да се спроведува извршување без никакво ограничување врз парите на должникот, кој ги има на сметките во банка.

Според Комората, членот 211 дозволува прешироко толкување поради што, најчесто, Законот нееднакво важи за јавниот и за приватниот сектор. Третманот е нерамноправен, а компаниите, притоа, се во подредена позиција. Според Комората, членот 211 всушност овозможува покрај предметите и правата, како неопходни за вршење на дејноста на должниците да се определат и паричните средства на нивните сметки. На тој начин се овозможува судот да стави забрана за повлекување на средствата на должникот и префрлување на доверителот, односно намирување на долгот.

Најчесто, неопходните парични средства се определуваат во износ што ја надминува сумата која должникот од јавниот сектор ја има на својата сметка како расположливи средства, со што практично се оневозможува доверителот кој води постапка на присилно извршување да си ги наплати побарувањата.

На овој начин, според оперативниот директор во Стопанската комора, Елена Милевска-Штрбевска се доведува до прашање еднаквоста на субјектите во правниот промет, што го попречува нормалното функционирање на правниот поредок и директно влијае на ликвидноста на приватниот сектор.

„Иако целта на оваа одредба е да се заштити навременото и целосно извршување на задачите на државата и нејзините органи, општините и јавните претпријатија, што го поддржува и деловната заедница, начинот на кој се применува оваа одредба доведува до ризик од неликвидност за доверителите – правни лица, кои стапуваат во правни односи со овие субјекти, посочи Милевска-Штрбевска. Доверителите, покрај ненаплатеното побарување, се изложуваат и на дополнителни трошоци во постапките, а од друга страна, доколку тие се најдат во истата ситуација и спрема нив се спроведува присилно извршување, тогаш одговараат со сите предмети и права вклучувајќи ги и парите на сметките. На овој начин, приватните и субјектите од јавниот сектор се во нерамноправна положба.

Милевска-Штрбевска потенцира дека Комората не бара укинување на членот, ниту негово повлекување, туку дополнување и допрецизирање.

„Компаниите, од една страна, се должни да ги сервисираат сите свои долгови, а од друга, иако имаат законска можност, не можат да си ги наплатат побарувањата“, вели Милевска-Штрбевска, додавајќи дека можноста деловните субјекти да реализираат брза наплата на своите побарувања е од интерес за остварување позитивни резултати во нивното работење и подобрување на ликвидноста.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik