Македонските компании ќе работат на зголемување на конкурентноста и профитабилноста преку намалување на потрошувачката и трошоците за енергија. Со воведување систем за мониторинг компаниите имаат увид во потрошувачката во секој момент и можат да вршат планирање на потрошувачката. Системот за мониторинг со потрошувачка на енергија зависи од потребите на компанијата и чини од 20.000 до 60.000 евра, а фирмите можат да заштедат од 5 до 10 отсто од потребната енергија на годишно ниво. Во изминатите две години 17 средни и поголеми компании од различни области во Македонија веќе го вовеле овој систем за мониторинг и управување со потрошувачка на енергија, од кои поголемиот дел постигнале заштеди од 10 отсто од потребите за енергија на годишно ниво, а некои имаат заштеда од 2 до 3 отсто.
Македонските компании ќе работат на зголемување на конкурентноста и профитабилноста преку намалување на потрошувачката и трошоците за енергија. Со воведување систем за мониторинг компаниите имаат увид во потрошувачката во секој момент и можат да вршат планирање на потрошувачката.
Системот за мониторинг со потрошувачка на енергија зависи од потребите на компанијата и чини од 20.000 до 60.000 евра, а фирмите можат да заштедат од 5 до 10 отсто од потребната енергија на годишно ниво.
Во изминатите две години 17 средни и поголеми компании од различни области во Македонија веќе го вовеле овој систем за мониторинг и управување со потрошувачка на енергија, од кои поголемиот дел постигнале заштеди од 10 отсто од потребите за енергија на годишно ниво, а некои имаат заштеда од 2 до 3 отсто.
Системите се имплементирани во компании од прехранбената и индустријата за пијалаци, индустријата за градежни материјали, фармацевтската индустрија, екстракција и процесирање на мермер, производство на хартија и печатење, електроника, производство на индустриски гасови и дрвна индустрија.
Компаниите добиваат техничка поддршка во изборот на можни мерки за подобрување на енергетската ефикасност во нивните производни погони. За таа цел се изработени анализи, инвестициски студии и проектна документација за промена на погонско гориво, искористување на отпадна топлина, управување со врвно оптоварување, термичка изолација на зграда, избор на опрема и систем за греење, вентилација и ладење за пилот-компаниите.
Дејан Блажев, директорот на Проектот за индустриски менаџмент на УСАИД, вели дека инвестирањето во енергетската ефикасност преку подобрување на управувањето со потрошувачката на енергија во индустријата подобро влијае од инвестирањето во нова опрема.
Тој смета дека кај енергетски интензивните индустрии, како што е металната, намалувањето на потрошувачката на енергија е императив во работењето од кој зависи и опстанокот на компанијата на пазарот, бидејќи учеството на енергијата во нивниот финален производ е многу високо.
Проектот за индустриски менаџмент на УСАИД работи на воведување енергетски менаџмент во индустриските компании преку воведување систематски и континуиран пристап и посветеност во управувањето со потрошувачката на енергија.
Главна активност е воведување системи за управување и мониторинг на потрошувачка на енергија во индустриските компании со кофинансирање од УСАИД.
„Системот за мониторинг со потрошувачка на енергија зависи од потребите на компанијата и чини од 20.000 до 60.000 евра од кои дел покрива УСАИД. Системот е комбинација од хардвер и софтвер и е веббазиран. Нуди можност во реално време да се врши мониторинг на потрошувачката на енергија и компаниите во секој момент и да можат да вршат планирање на потрошувачката. Со него може да се следи потрошувачката на една или повеќе локации и од едно место да се следат сите податоци“, истакна Блажев, на вчерашната прес-конференција во Стопанска комора, нагласувајќи дека токму преку намалување на потрошувачката на енергија може да се дојде до значителни заштеди.
Тој смета дека потрошувачката најмногу зависи од типот на индустријата, од приходот кој се остварува, но и од средствата кои ќе се вложат во системот за мониторинг на енергија.
Проектот за индустриски менаџмент на УСАИД има за цел подобрување на конкурентноста на стопанството и енергетската стабилност на Македонија и намалување на емисиите на стакленички гасови преку поголеми инвестиции во чиста енергија и воведување систематски пристап во управувањето со енергија во индустрискиот сектор. Четиригодишниот проект има буџет од 1,643 милиони долари и се спроведува од почетокот на 2013 година.