Компаниите на берзата вредат 1,6 милијарди евра

Bez autora
Apr 11 2016

Компаниите кои котираат на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност кон крајот на минатиот месец заедно вределе околу 1,6 милијарди евра, покажува најновиот месечен извештај на берзата. Оваа вредност е за 0,26 отсто помала во однос на еден месец претходно, што значи дека за толку просечно се намалила и вкупната вредност на акциите. Заедно, пак, со вредноста на акциите на акционерските друштва со посебни обврски за информирање и на обврзниците, вкупната пазарна капитализација на сите хартии од вредност на берзата минатиот месец била 1,7 милијарди евра. Највредна компанија и натаму е „Македонски телеком“, која на берзата сега вреди 27,3 милијарди денари или околу 444,16 милиони евра. До овој износ се доаѓа врз основа на просечната цена по која се тргувале акциите минатиот месец и вкупниот број акции на друштвото.

Компаниите на берзата вредат 1,6 милијарди евраКомпаниите кои котираат на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност кон крајот на минатиот месец заедно вределе околу 1,6 милијарди евра, покажува најновиот месечен извештај на берзата.

Оваа вредност е за 0,26 отсто помала во однос на еден месец претходно, што значи дека за толку просечно се намалила и вкупната вредност на акциите.

Заедно, пак, со вредноста на акциите на акционерските друштва со посебни обврски за информирање и на обврзниците, вкупната пазарна капитализација на сите хартии од вредност на берзата минатиот месец била 1,7 милијарди евра.

Највредна компанија и натаму е „Македонски телеком“, која на берзата сега вреди 27,3 милијарди денари или околу 444,16 милиони евра. До овој износ се доаѓа врз основа на просечната цена по која се тргувале акциите минатиот месец (281,70 денари) и вкупниот број акции на друштвото.

Според пазарната капитализација, „Алкалоид“ минатиот месец на берзата вредел 7,44 милијарди денари, или 121 милион евра. Потоа следуваат трите наши најголеми банки, Стопанска банка Скопје со пазарна капитализација од 7,15 милијарди денари или околу 116,4 милиони евра, НЛБ Тутунска банка со 6,36 милијарди денари или 103,45 милиони евра и Комерцијална банка 5,19 милијарди денари или околу 84,49 милиони евра.

„Макпетрол“, според пазарната капитализација, вреди 1,92 милијарди денари (околу 31,2 милиони евра), „Прилепската пиварница“ 1,15 милијарди денари (18,8 милиони евра), Охридска банка 1,02 милијарди денари (16,6 милиони евра), скопски „Реплек“ 984,9 милиони денари (16 милиони евра) и Стопанска банка Битола 455,8 милиони денари (7,4 милиони евра).

Акциите на сите овие компании беа и најтргувани минатиот месец на берзата, кога според берзанскиот извештај, бил реализиран вкупен промет од околу 2,75 милиони евра, за 36,08 отсто повеќе во однос на февруари. За ова најмногу придонело тргувањето со акции, бидејќи прометот со нив достигнал 2,2 милиони евра, за 45,8 отсто повеќе од претходниот месец.

Значаен пораст имало и кај блок-трансакциите, за 82,81 отсто, односно во март на овој начин биле истргувани акции во износ од 27,5 милиони денари или околу 448,5 илјади евра. Истовремено, значајно е намален прометот со обврзници, за речиси 62 отсто.

Инаку, неодамна на Годишната конференција на Македонската берза, како еден од клучните проблеми на македонскиот пазар на капитал беше посочено отсуството на нови емисии на хартии од вредност. Така на пример, минатата година имало само четири нови емисии на акции, но ниедна од нив не била јавна, за сите заинтересирани инвеститори, туку биле за познати купувачи (т.н. приватни понуди).

Од друга страна, ниту постојните компании кои се надвор од берзата не се осмелуваат да се трансформираат во акционерски друштва (иако многу од нив имаат таков потенцијал) и на таков начин да приберат дополнителен капитал со кој би го финансирале својот развој. Тоа би имало влијание и врз целокупната економија.

Така, како што посочи на конференцијата членот на УО на Стопанска банка Скопје, Тони Стојановски, под претпоставка дека само 20 компании на ваков начин ќе излезат со јавни понуди и дека секоја од нив во просек би изнесувала по 5 милиони евра, тоа би значело 100 милиони евра нов капитал во реалниот сектор и истовремено нови можности за инвеститорите на пазарот на капитал, особено во услови на ниски каматни стапки. Банките, како што објасни Стојановски, располагаат со околу 500 милиони евра ликвидни средства, како разлика меѓу депозитите и одобрените кредити.

Дополнително, ваквиот нов капитал на компаниите може да доведе до ангажирање на нови 100-200 милиони евра во форма на кредити од банките за инвестиции и обртен капитал кои ќе значат раст на бизнисите на компаниите, зголемен обрт, поголем извоз и повеќе работни места.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik